Промовиран проектот за медиумска писменост „КриТинк“

Фото: Метаморфозис

 

Скопје, 1 јуни, 2018 –  (META)  Во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје денеска се одржа воведен настан за проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој со поддршка од Европската Унија во наредните три години ќе го спроведуваат Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ и Центарот за европски стратегии – Евротинк.

На средбата, на која присуствуваа преставници на граѓански организации, медиуми и на државни институции, тимот на проектот ги претстави основните елементи и го најави првиот повик за мали грантови кој ќе трае до 6 јули.

Во првиот циклус на програмата за мали грантови на „КриТинк“ планирано е да бидат доделени осум грантови, со кои ќе се поддржат проекти наменети за секој од 8-те плански региони.

krithink 1

Целта на проектот, како што рече Филип Стојановски, раководител на проектот „КриТинк“ и програмски директор во „Метаморфозис“, е да промовира медумска писменост како основа за зачувување на правото на граѓаните да имаат различни мислења, преку стимулирање на култура за критичко размислување, плурализам на мислења и демократски вредности.

Шемата на малите грантови ја претстави Горан Лазаров, проектен координатор во Евротинк, а за значењето на медиумската писменост и за националната Мрежа за медиумска писменост зборуваше Емилија Петреска-Камењарова, раководителка на Одделението за човекови права и медиумска писменост во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Сите детали за повикот заинтересираните можат да ги погледнат на веб-локацијата на проектот CritThink.mk.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција