Проширена е улицата „Борис Сарафов“ во Општина Ѓорче Петров

Улицата „4 Јули“ („Борис Сарафов“ ) по проширувањето Фото: Град Скопје

 

Проект: Проширување на улица „4 Јули “.

Опис на проектот: Проширување на булеварот „4 Јули“ и решавање на имотно-правните проблеми во соработка со Општина Ѓорче Петров. (Рок: 2016-2017 година)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Проектот за проширување на улицата „4 Јули“ во Ѓорче Петров, или „Борис Сарафов“ како што е преименувана, е исполнето ветување на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски. Овој проект е дел од предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори 2013-2017 година, насловена како „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобро Скопје!“ (стр.57).

Проширувањето на улицата, како што беше објавено во дел од медиумите, почна на 20.06.2016 година.

Улицата „Борис Сарафов“ во општина Ѓорче Петров од тесно сообраќајно грло ќе стане широка сообраќајница. Вчера почнаа градежните работи за проширување на оваа општинска улица на што ќе работат екипи на ЈП „Улици и патишта“, јави Утрински весник.

За таа цел, како што објави сајтот Скопје инфо на 22.06.2016 година, било договорено да се урнат два објекти.

Поранешната фабрика „4ти јули“, односно два објекти од нејзиниот комплекс ќе бидат урнати, за да се прошири улицата „Борис Сарафов“ во скопската населба Ѓорче Петров. По долги преговори постигнат е договор со сопствениците не земјиштето и објектите, за да се урнат објектите кои се наоѓаат на предвидената траса на улицата која во моментов се реконструира. 

Веста за проширувањето на улицата „Борис Сарафов“ беше објавена и на официјалниот сајт на Град Скопје.

Екипите на Градот Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ денеска /21.06.2016 година/ го почнаа проектот за дооформување на улицата Борис Сарафов во општината Ѓорче Петров, односно за отстранување на тесното сообраќајно грло на оваа сообраќајница. Почетокот на градежните работи го означија градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски и претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева.

 

Улицата „ 4 Јули“ („Борис Серафов“) пред проширувањето Фото: Град Скопје
Улицата „ 4 Јули“ („Борис Сарафов“) пред проширувањето
Фото: Град Скопје

 

При проверката на ова ветување „Вистиномер“ се обрати  во  Град Скопје и оттаму нè информираа дека проширувањето (пробивањето) на улицата „Борис Сарафов“ започнало и завршило во текот на 2016 година.

Овој проект е нотиран и во Отчетот на градоначалникот Коце Трајановски за реализираните  проекти во сите општини во 2016 година.

Во општина Ѓорче Петров во 2016 година заврши пробивањето на бул. Партизански одреди од кружниот тек кај Порта Влае до кружниот тек кај црквата „Свети Петар и Павле“, со што овој булевар е изграден во целата негова предвидена должина. Во 2016 година се прошири и проби улицата Борис Сарафов, како и дел од улицата Ѓорче Петров.

Имајќи го предвид сето ова, може да се заклучи дека ветувањето на Трајановски за проширување на улицата „4 Јули“ во Ѓорче Петров, или „Борис Сарафов“ како што е преименувана, е исполнето.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Ана Анастасовска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција