Радишани доби нова градинка

Новата градинка во Радишани е со капацитет да згрижи 120 деца Фото: Принтскрин

Изградба и проширување на детска градинка „11 Октомври“ во населба Радишани

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Новата градинка во Радишани е пуштена во употреба во август 2016 година. Ова е  исполнето ветување на  градоначалникот на Бутел,  Петре Латиновски, кое тој го го наведе меѓу приоритетните проекти во Изборната програмата (2013-2017)  „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Општина Бутел“  ( стр 10).

Изградбата на градинката почна  минатото лето. На 21 јули 2015 година во дворот на градинката „11 Октомври“ во населба Радишани  беше поставен камен-темелник на новата градинка. Медиумите тогаш информираа дека

Новата градинка ќе биде со капацитет од 120 деца и ќе се простира на површина од околу 500 метри квадратни.  

Објектот ќе содржи пет занимални со санитарии за деца, кујна со магацин, санитарии и директен надворешен пристап, како и административна канцеларија со санитарии за воспитувачите.

Градинката беше изградена и официјално пуштена во употреба на  30 август 2016 година. На свечениот настан, организиран по тој повод  градоначалникот Латиновски рече:

Убаво е кога ќе се застане пред граѓаните и ќе се ветува, меѓутоа задоволството што денеска  како градоначалник го чувствувам е уште поголемо, затоа што едно од ветувањата се исполнува, изградбата на градинката која што денеска ја предаваме во употреба. Грижата за младите вака се покажува на дело, а не со празни зборови и ветувања.

 

ИЗВОРИ:

 

Оценето од: Оливера Војновска

 


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на текстот е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.