Радмила Шекеринска: Македонија е најлоша во регионот по способностите и знаењата на учениците по математика и наука
[…] Знаете што велат последните ПИСА тестови? Последните што се решија да се прават… Еве, погледнете ја Македонија, во својот регион. Најлоша. Погледнете ги бројките. На тестирањето направено и за математика и за наука во 2011 година нема полоша држава во Европа од нас. Ама не само Европскиот континент што ние го размислуваме, тука е и Ерменија, Грузија. Државата со која доаѓаме блиску е Монголија. Друга држава со која сме блиску е Тунис, во Северна Африка позната како регион со слабо образование. […]
Образложение:
Во последното истражување спроведено од Организацијата за економска соработка и развој, односно според ПИСА тестот, спроведено во 2012 година, може да се забележи дека Р. Македонија не е на листата на држави каде што бил спроведен овој тест.
Последен пат кога овој тест бил спроведен во Р. Македонија е 2000 година, а не 2011 година. Ова истражување се спроведува на 3 години, односно во 2000, 2003, 2006, 2009 и последното во 2012 година.
Според податоците од истражувањето во 2000 година, кога Р. Македонија, за последен пат учествувала, може да се заклучи дека во делот на математика рангирана е на најниска позиција во регионот. Полошо рангирани од Македонија се само: Индонезија, Бразил и Перу. Што се однесува во делот наука, од државите во регионот Албанија е на полоша позиција. Односно во ова класификација, од Македонија полошо рангирани се: Аргентина, Индонезија, Албанија, Бразил и Перу.
Линкови:
- National Center for Education Statistics: Participation in PISA by Year [Пристапено на: 26.12.2013]
- Guardian (03.12.2013): Pisa 2012 results: which country does best at reading, maths and science? [Пристапено на: 26.12.2013]
- Државен испитен центар: ПИСА [Пристапено на: 26.12.2013]
- OECD: Literacy Skills for the World of Tomorrow: Further Results from PISA 2000 – Publications 2000 [Пристапено на: 26.12.2013]
Оценето од Марија Теговска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар