Радмила Шекеринска

 

На 31.05. 2017 година  Радмила Шекеринска е избрана за министер за одбрана во Владата на Република Македонија.

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Радмила Шекеринска е заменик – претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ). Родена е на 10 јуни 1972 година во Скопје. Омажена е за Божидар Јанковски со кого ја има ќерката Ада.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Радмила Шекеринска е магистер по меѓународни односи на Флечер школата за право и дипломатија, на Универзитетот Тафтс, САД (2007 г.).

Дипломирала на Електротехничкиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје (1995 г.).

Зборува англиски и француски јазик.

 

КАРИЕРА

Во текот на 1996 година работи како асистент за односи со јавност во Институтот Отворено општество Македонија.

Од 1996 до 1998 година Шеќеринска е член на Советот на Град Скопје.

Од 1997 до 2002 работи како асистент на Електротехничкиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.

Шекеринска беше  пратеник во четири мандати:

1998-2002

2006-2008

2008-2011

2011-2014

Од 2002 до 2006 година беше заменик – претседател на Владата на Република Македонија задолжен за европска интеграција и координатор за странска помош. За време на нејзиниот мандат, Република Македонија го доби статусот на земја кандидат за членство во Европската унија.

Шекеринска раководеше со Националниот совет за европски интеграции од неговото основање до 2014 година. Таа беше член на повеќе  комисии: Комисија за надворешни работи, Комисија за труд и социјална политика, Комисија за европски прашања, Комисија за млади и животна средина и Комисија за образование.

На 30.12.2016 година Шекеринска  стана пратеник во деветтиот состав на Собранието на Република Македонија

ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА

Својата политичка кариера, Радмила Шекеринска ја започна во Социјалдемократската младина на Македонија во 1992 година. Во 1995 година таа беше избрана за претседател на СДММ.

Од 1999 година, ја вршеше и функцијата на интернационален секретар на СДСМ и за време на нејзиниот мандат, СДСМ беше примена за членка на Социјалистичката Интернационала.

Во 1997 и 1999 година, Шекеринска беше портпарол на СДСМ.

Шекеринска беше потпретседател на ЦО СДСМ во два последователни мандати (1999-2003 и 2003-2006).

На 5 ноември 2006 година на партискиот Вонреден Конгрес таа  е избрана и за претседател на  СДСМ и на оваа функција беше до  2008 година.

Шекеринска е член на Претседателството на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) која ги обединува социјалдемократските, социјалистички и лабуристички партии во Европа. Во 2008 година беше избрана за еден од потпретседателите на Социјалистичката интернационала (СИ), функција што ја обавуваше до 2011 година.

Во 2009 и 2012 година, Шекеринска беше Шеф на набљудувачките мисии на ОБСЕ/ОДИХР за претседателските и парламентарлни избори во Киргистан и во Ерменија.

Шекеринска е добитник на наградата Млад глобален лидер, која ја доделува Светскиот економски форум.

 

ИЗВОРИ

 


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.