Рамиз Мерко: Струга ќе се промени, ветувањата ќе се исполнат (видео)

Градоначалникот на Општина Струга, во интервју за Порталб.мк и Вистиномер.мк, говореше за туризмот во град Струга, за градската депонија, состојбите со општинскиот буџет, легализацијата на земјиштетето, урбанистичкиот план, изградбата на базени и за други активности на кои ќе се работи во текот на неговиот мандат

Градоначалникот на Општина Струга, во интервју за Порталб.мк и Вистиномер.мк, говореше за туризмот во град Струга, за градската депонија, состојбите со општинскиот буџет, легализацијата на земјиштетето, урбанистичкиот план, изградбата на базени и за други активности на кои ќе се работи во текот на неговиот мандат

 

Рамиз Мерко во ова интервју рече дека ќе се направи соодветна организациска структура за да можат да се создадат подобри услови и подобри понуди за успешен труизам. Оваа поделба, според него, ќе се спроведе во одреден рок и тој верува дека за еден месец ќе има јавен тендер за концесии.

За депонијата Мерко најави тендер за креирање на пункт каде што ќе се собираат и ќе се врши утовар на оптадот што треба да се испрати до „Дрисла“ во Скопје.

Кога станува збор, пак, за злоупотребите  на општинскиот буџет од страна на предходна локлана власт, тој изјави дека соодветните институции ќе се справат со ова прашање. Мерко, исто така, изјави дека долгот на Општината може да изнесува 3 или 4 милион евра, но, според него, сè уште не се знае точно колку е.

Мерко истакна дека кон крајот на неговиот мандат, или претходно, ќе ги завршат сите предмети поврзани со легализација на земјиштето.

Согласно надлежностите Општината, ќе се донесе и урбанистички план, во кој ќе биде предвидена и изградба на нова болница. Тој, исто така, најави и дека во тек е изработка на техничка документација за замена на сите водоводни цевки со нов систем.

Градоначалникот Мерко рече дека сè уште стои зад ветувањето за изградба на ветениот базен и поправката на стариот дадена во текот на предизборниот период.

Кога станува збор за сообраќајната инфраструктура, Мерко рече дека има тендер за изградба на булевар од крајот на градот до Зелениот пазар и дека се очекува да започнат градежните активности, ќе се изградат два големи кружни тека на улицата насочена кон Дебар и на улицата која води кон граничниот премин Ќафасан, влезниот дел на градот ќе има четри ленти за слободен собраќај на автомобилите и најави дека ќе се изгради патека со должина од 7 км и ширина од 5 метри за слободно движење на пешачите и на велосипетидете од влезниот дел на Струга, од страната не езерото, а која ќе завршуваа до Сатеска. Ова инвестиција ќе се спроведе на делови за две години. Мерко, исто така, изјави дека во фаза на подготвување е документацијата за ветениот подземен паркинг.

Градоначалникот додаде и дека неговата администрација е ангажирана и на планот на вработување на стружани во приватниот сектор.

Според него има и договор колекторскиот систем, кој е изграден за заштита на Охридското езеро и чистење на отпадните води, да стане државна компанија и истакна дека се работи во таа насока. Мерко ветува дека проектите ќе се објавуват на општинската интернет страница, како и внатрешните трошоци на Општината.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција