Реакција по повод предложените измени на Законот за јавни претпријатија

Измените на закон од ваков карактер е потребно да бидат поткрепени со сеопфатна анализа која навистина ќе ја докаже потребата од ваква функција. Предлогот кој е на дневен ред во Собранието не содржи соодветна анализа

Institute for Democracy ‘Societas Civilis’ Skopje, Центарот за управување со промени (ЦУП) и Центар за граѓански комуникации / Center for Civil Communications – CCC реагираат против иницијативата на група пратеници за измена на Законот за јавни претпријатија. Со измената се предвидува нова функција – заменик директор. Бараме повлекување на предлог измената на Законот за јавни претпријатија.

Измените на закон од ваков карактер е потребно да бидат поткрепени со сеопфатна анализа која навистина ќе ја докаже потребата од ваква функција. Предлогот кој е на дневен ред во Собранието не содржи соодветна анализа.

Логиката на ваквата промена е погрешна. Имено, постоечките критериуми за избор на директор, а сега и заменик директор на јавно претпријатие, се ниски и овозможуваат вработување на раководство кое не неопходно има повисоко искуство од постоечките вработени.

Според важечкиот закон, во кој директорот, во негово отсуство назначува вработен како замена, значи поголема шанса некој со поголемо искуство да раководи со претпријатието.

Постои системски недостиг на транспарентност при изборот на директори што дополнително ги зајакнува ризиците од политички клиентелизам.

Oваа иницијатива во целост се коси со заложбите за реорганизација и рационализација на големината на јавниот сектор, која ја најавува Владата на РМ.

Финансиските имплликации за воведување на вакви позиции може да се претпостави дека би изнесувале околу 2 милиони евра годишно на товар на граѓаните на РМ, ако се земе во предвид дека во државата постојат 129 јавни претпријатија.

Од податоците кои се јавно достапни, во 22 од овие 129 јавни претпријатија има помалку од 10 вработени. Ако се земе во предвид дека сите овие јавни претпријатија покрај директор има и управен и надзорен одбор, тоа значи дека поголем е бројот на избрани и именувани лица, од бројот на вработени кои се носители на дејноста. И сега наместо да се направи рационализација, односно да се намалат бројот на функции, се воведува нова дополнителна функција. Сите овие податоци наведуваат на заклучок дека предлогот за воведување на дополнителна функција во јавните претпријатија е нерационален.
Доколку пак се анализира рентабилноста на јавните претпријатија, квалитетот на услугите кои ги даваат, задоволството на граѓаните од овие услуги, начинот и постапката на избор на членови на управни и надзорни одбори, како и квалитетот на нивната работа, се доаѓа до заклучок дека е нужно да е пристапи кон квалитативно и системско решавање на проблемите со јавните претпријатија, а не да се воведуваат дополнителни функции.

Поради сето претходно наведено, ги повикуваме политичките партии, и пратениците да посветат поголемо внимание на анализи и креирање на политики и закони врз база на докази.

Произволните предлози, без поткрепа, и консултација со засегнатите страни кои ја истражуваат материјата, не се во интерес на Република Македонија.


This article was created within the framework of the Project to increase the accountability of the politicians and political parties Truthmeter implemented by Metamorphosis. The article is made possible by the generous support of the National Endowment for Democracy(NED) and The Balkan Trust for Democracy (BTD), a project of the German Marshall Fund of the United States, an initiative that supports democracy, good governance, and Euroatlantic integration in Southeastern Europe. The content is the responsibility of its author and does not necessarily reflect the views of Metamorphosis, National Endowment for Democracy, the Balkan Trust for Democracy, the German Marshall Fund of the United States, or its partners.