ВМРО-ДПМНЕ: Регулаторна гилотина IV фаза

И во следните четири години, ќе продолжиме со Регулаторната гилотина. Ќе продолжиме со нови мерки за: Поевтинување на услугите на фирмите и граѓаните за добивање на документи, лиценци, дозволи, одобренија; Намалување на бројот на документи и на пропишаните рокови за нивно добивање; Целосно имплементирање на правилото „молчењето е одобрување“ во сите закони каде е можно. [Рок: август 2011, почеток на IV фаза]

Oбразложение:

Нема информации за тоа дека е започната четвртата фала од проектот Регулаторна гилотина, иако според ветувањето оваа фаза требаше да започне во август 2011 година.

Со закаснување од 4 месеци од рокот кој беше предвиден како почеток за остварување на ова ветување, се најавува почеток на проектот во првите месеци од 2012 година.

Линкови:

Оценето од: Марија Теговска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција