ВМРО-ДПМНЕ: Регулација на реката Вардар

Почнувајќи од мостот во селото Јегуновце, возводно по течението на реката Вардар кон селата Раотинце, Копанце и Туденце, реката Вардар меандрира низ полето на Долни Полог, при што врши плавење на обработливите површини како и куќите во селата. Со цел да се спречи загрозувањето на населението, честото поплавување на куќите, обработливите земјоделски површини и други материјални добра, Владата на ВМРО-ДПМНЕ изготви техничка документација за регулација на реката Вардар. Со реализација на овој проект ќе се изврши уредување на основното и на мајоркоритото на следниве делници: од мостот Јегуновце до мостот Раотинце, од мостот Раотинце до мостот Копанце, од мостот Копанце до мостот Туденце и трајно ќе се реши излевањето, со што ќе се заштитат жителите на села во овој регион од штетите што скоро секоја година ги имаат со поплавување на нивните домови и земјоделски површини. [Рок: 2012 – јуни 2014]

Образложение:

Според Отчетот на Владата на Р. Македонија, во изминатиот период единствено што е направено за реализација на овој проект е  започнување  на  активностите  за изработка на План за управување со речниот слив на реката Вардар. Проектот е вреден 1,7 милиони евра.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови: 

Оценето од: Марија Теговска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција