Реконструирана трим-патеката во парк-шумата Гази Баба

Трим-патека „Гази Баба“ Фото: Принтскрин

 

Проект: Уредување на трим-патеката во парк-шумата Гази Баба, во соработка со Град Скопје.  (Рок: 2014 година)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Проектот за уредување на трим-патеката во парк – шумата Гази Баба е исполнето ветување на градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски, дадено во неговата Изборна програма за локалните избори во 2013 година.

Неколку месеци, откако по вторпат застана на функцијата градоначалник на Гази Баба, Трајковски заедно со градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, ја промовираа новата трим-патека „Гази Баба“ во должина од 2.140 метри. Информацијата во медиумите беше објавена на 20.10.2013 година.

Трим-патеката во парк-шумата Гази Баба е целосно подновена, реконструирана и со нови содржини. Рекреативците од вчера добија на користење и фитнес-реквизити изработени од дрво и железо, поставен е видиковец, нова урбана опрема, а по должина на патеката се поставени и рекреативни табли.

Истиот ден, веста беше пренесена и на официјалната веб – страница на Град Скопје.

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, Градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, директорот на ЈП „Паркови зеленило“, Душан Авировиќ, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Александар Пујовски, советници од Советот на Град Скопје и советници од Советот на Општината Гази Баба, денеска /20.10.2013 година/ ја пуштија во употреба реконструираната трим патека во парк шумата Гази Баба.

Имајќи го предвид сето ова, како и рокот зададен во Изборната програма на градоначалникот Трајковски, може да се заклучи дека ова негово ветување е исполнето.

 

ИЗВОРИ:

 

Оценето од: Ана Анастасовска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.

Оставете реакција