Реконструирана улицата „Јордан Мијалков“ (поранешна „Железничка“)

Од официјалното пуштање во сообраќај Фото: Принтскрин

 

ПРОЕКТ: РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА „ЈОРДАН МИЈАЛКОВ“ (ПОР НЕШНА „ЖЕЛЕЗНИЧКА“

Целосна реконструкција на улица „Железничка“ (зад ТЦ „Рамстор“). (Рок: 2013-2014 година)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Улицата „Јордан Мијалков“ (поранешна „Железничка“) е реконструирана и официјално пуштена во употреба на 12.07.2015 година. Така што, ова изборно ветување на градоначалникот на Скопје,  Коце Трајановски дадено во неговата Изборна програма „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобро Скопје“,е исполнето, со забелешка дека  реализацијата на проектот доцнеше шест месеци. Имено, во Програмата, со која тој излезе на локалните избори во 2013 година, како кандидат на ВМРО – ДПМНЕ, за овој проект ( во делот Урбанизам, булевари, мостови, стр. 56) е наведено дека ќе биде спроведен во периодот 2013-2014 година.

Проширувањето на улицата стартуваше на 8 јули 2014 година,  односно една година подоцна од предвидените изборни проекции за почеток на работите (2013). Градоначалникот  Коце Трајановски и тогашниот премиер, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,  Никола Груевски,  го означија стартот на градежните работи. Трајановски тогаш изјави:

Улицата Јордан Мијалков со овој проект ќе се прошири во должина од 750 метри, а проширувањето ќе се изведува по левата страна, гледано од булеварот Мајка Тереза кон улицата Павел Шатев. По проширувањето, оваа сообраќајница ќе добие три коловозни ленти со ширина од по 3,25 метри, средишна жардиниера со зеленило (1,5 метри), сервисна коловозна лента со паркинг широка 6 метри и тротоар покриен со бекатон-плочки.  Реконструкцијата на улицата Јордан Мијалков ќе се искористи за да се постави нова атмосферска канализација, а ќе се изврши и реконструкција на постојната водоводна и фекална мрежа. На проширување и реконструкција на улицата Јордан Мијалков ќе работат екипите на градежната компанија „Пелагонија“ од Гостивар, а за поставување на осветлувањето ќе биде задолжена фирмата Дигитал ДОО Струмица. Градежните работи на оваа сообраќајница треба да завршат за околу 150 работни дена. Градот Скопје, за градежните работи и за осветлувањето на улицата Јордан Мијалков, ќе вложи околу 47 милиони денари .( Трајановски)

Наспроти најавите на Трајаноски дека работите ќе финишираат за  6 – 7  месеци  (150 работни дена), односно јануари – февруари 2015 година, реконструкцијата на улицата заврши во јули 2015 година. На официјалното отворање за сообраќај присуствуваа Груевски и Трајановски, кои во оваа пригода изјавија:

По проширувањето, оваа сообраќајница доби три коловозни ленти со ширина од по 3,25 метри, улично осветлување, сервисна коловозна лента со паркиралиште широка 6 метри, со должина од 200 метри, и тротоар покриен со бехатон-плочки. Реконструкцијата на улицата Јордан Мијалков беше искористена за да се постави нова атмосферска канализација, а се изврши и реконструкција на постојната водоводна и фекална мрежа (Трајановски).

Улицата „Јордан Мијалков“ е дел од еден поголем проект за една нова подобра комуникација помеѓу Карпош и Кисела Вода во кој влегуваат и подземната сообраќајница односно тунелот, кој ќе биде дел од јужниот булевар. Тој, заедно со булеварот „Свети Кирил и Методиј“ и оваа улица практично ќе претствуваат една целина за побрзо и поефикасно поврзување овие две општини. (Груевски)

Улицата „Јордан Мијалков“ се споменува и  меѓу првите реализирани проекти во Отчетот на градоначалник Трајановски  за минатата година (2015).  На петтата страница од Отчетот за овој проект, меѓу другото,  е напишано:

Улицата Јордан Мијалков во текот на летото 2015 година беше проширена и реконструирана на потегот од крстосница- та со улицата Герман до пред раскрсница- та со улицата Павел Шатев…Вкупната вредност на проектот за проширување и реконструкција на улицата изнесува околу 45 милиони денари

ЛИНКОВИ:

 

 

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.

Оставете реакција