Реконструирани само дел од улиците во Центар

Фото: Отчет Центар (2013-2017)

Реконструкција на улиците кои се во општинска надлежност во вкупна должина на коловозот од 42 км врз основа на стручно дефинираните приоритети во сите урбани заедници

 

 ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски  за локалните избори во 2013 година во неговата изборна програма„Иднината сега! Време е! Андреј Жерновски за Центар“  (стр.7),  вети  реконструкција на улиците во должина од 42 километри.  Сепак, според тоа што е наведено во Отчетот на Жерновски за сработеното во изминатите четири години,  „Центар 2013-2017“ ,  ова  негово изборно ветување е само   делумно исполнето.

 Во  споменатиот Отчет на Жерновски  (стр.80), за овој проект  е наведено:

Улиците го претставуваат „крвотокот“ на секој градски простор и имаат исклучителна важност во урбаната комуникација и за безбедноста.

Општина центар посветено работеше на подобрување на инфратруктурата. Реализиравме темелна реконструкција на голем број улици и тротоари, односно нивно асфалтирање, проширување, опремување со атмосферска канализацијаи водовод.Горди сме што во овие четори и пол години реконструиравме над 30 улици.

Притоа за  некои од улиците е посочено дека се целосно рекоснтруирани, за некои дека е асфалтиран коловозот и дека има поставеноатмосферска канализација, за некои дека има нов коловоз, тротоари , рабници … Така на пример, меѓу реконструираните улици се спомнуваат: „Питу Гули“ , „Ѓорѓија Пулевски“, „Апостол Гусларот“, „29 Ноември“(Костурски Херои), „Ленинова“ (Аминта Трети), „ Орце Николов“, „Загрепска“, „Адолф Циборовски“….

Но, не се кажува  колку километри улици биле  опфатени со реконструкцијата, туку е наведено дека  вкупната реконструирана површина на улиците во Општина Центар е 52.000 метри квадратни. Па, ако се земе дека ширината на коловозот (во зависност од улицата)  е од 5,5  до 7 метри,  излегува дека  се реконструирани меѓу  7,5  – 9,5  километри улици, што е далеку помалку од  42 километри колку што вети Жерновски пред да стане градоначалник. Така што, ова негово изборно ветување според Методологијата на „Вистиномер“ добива оценка „делумно исполнето“.

 

19206319_10210228398852024_1744788099_n
Фото: Отчет Центар (2013-2017), стр. (82/83)

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција