Реконструкцијата на улицата „11 Октомври“ во Пробишптип доцни четири години

vmro-dpmne-logo

Проект: Комплетна реконструкција на улицата 11 Октомври

Опис на проектот: Поставување нов асфалтен слој, поставување тротоари и енергетски ефикасни светилки. (Средства: 5.000.000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: 2013 година)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Градоначалникот на Општината Пробиштип, Тони Тоневски,  пред четири години во  изборната програма „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Општина Пробиштип, (2013-2017), најави  комплетна реконструкција на улицата  „11 Октомври“ во Пробиштип. Во Програмата, со која тој, како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, излезе на локалните избори во 2013 година,  за овој проект проект ( во делот Транспорт и патна инфраструктура стр. 73), е наведено дека ќе биде реализиран во  2013 година. Но, градежните работи за реконструкција на улицата „11 Октомври“ започнаа во ноември 2016 година и сѐ уште се изведуваат, така што ова ветување, според методологијата на „Вистиномер“  се оценува „во тек“

Стартот на реконструкцијата на спомената улица во Пробиштип, Тоневски ја најави дури на 29 октомври 2016 година, тогаш, како што пренесоа медиумите,  тој  соопшти  дека наредната недела (почеток на ноември 2016 година) очекува да почне  реконструкцијата на улицата „11 Октомври“.

Тоа е еден проект кој што е добиен како донација од европските фондови од ИПА компонентата, а кој ќе се реализира во координација на Светска банка во Репблика Македонија. Веднаш по нивното одобрување ќе склучиме договор со изведувачот, каде што тендерската постапка е целосно завршена. (Тоневски)

На 30 декември 2016 година медиумите информираа дека во Буџетот на Општина Пробиштип за 2017 година се превидени 58 милиони денари за инфраструктурни проекти. Според планираното во општинскиот Буџет:

ќе се реконструираат и асфалтираат неколку десетици километри , меѓу кои и  улицата „11 Октомври“, која почна да се гради.

Деновиве (10.03.2017) во медиумите имаше информација дека  во Пробиштип се реконструира улицата „11 Oктомври“ и дека средствата за зафатот, околу пет милиони денари, се донација од европски фондови.

Со овој проект се комплетно опфатени поставување нов асфалтен слој, нови тротари од двете страни со ширина од еден и пол метар, како и поставување атмосферска канализација. (Тоневски)

Според плановите на Општината,  „на улицата „11 Октомври“ ќе се постави и ново улично осветлување со 14 канделабри на кои ќе се инсталираат енергетски штедливи светилки, а рокот за реализација на овој инфраструктурен проект е шест месеци“.

Па, иако  изборниот рок за реализација на  проектот (2013) е пробиен, сепак, имајќи предвид дека на оваа сообраќајница во моментот се изведуваат градежни активности и според проекциите реконструкцијата треба  да  завриши за неколку месеци, ветувањето добива оценка „во тек“.

  

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Оливера Војновска

 


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *