Реновирани се домовите на културата во пет села во Општина Струмица

Фото: strumica.gov.mk

 

Ќе реновираме објекти од областа на културата во руралните средини, ќе ја збогатиме програмата на културни настани во руралните средини и ќе го поттикнеме населението да учествува во креирањето на културната програма, во духот на парципативното креирање и планирање на локални програми и политики од интерес на граѓаните. ( Рок: 2021)

 

[Извор: Изборна програма на Коста Јаневски за локалните избори 2017-2021 – „Живот во Струмица за сите“ (стр.30) , датум: октомври 2017]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Градоначалникот на Општина Струмица, Коста Јаневски за локалните избори (октомври 2017 г.),   вети реконструкција на  објектите од областа на културата во руралните средини. Споменатото  ветување е дел од  предизборната програма на Јаневски  „Живот во Струмица за сите“ ,  дадено во рамките на еден поширок проект „Струмица – град на културата“ (стр. 30), со рок на исполнување 2021 година. Досега (27.09.2018 г.) се реновирани домовите на културата во пет села, така што ова изборно ветување на Јаневски има оценка „во тек“,

Пред десетина дена дел од медиумите информираа  дека е завршена реконструкцијата  на домовите на културата во населени места: Костурино, Дабиле, Попчево, Просениково и Добрејци.

Градоначалникот на општина Струмица Коста Јаневски денеска (21.09.2018) им ги предаде клучевите од реновираните домови на културата на претседаталите на месните заедници во населените места Костурино, Дабиле и Попчево, а освен во вие реновирани се и Домовите во селата Просениково и Добрејци.

Проектот за реконструкција на домовите на културата чини над 7,5 милиони денари, а општина Струмица го реализираше преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

Информација и фотографии  дека се реновирани  домовите на културата во  Костурино, Дабиле, Попчево, Просениково и Добрејци, се објавени и на веб-страницата на Општина Струмица.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Оливера Војновска

 


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.