ВМРО-ДПМНЕ: Ресен-Маркова нога, потег од Макази-Долно Дупени

Реконструкцијата на оваа делница во должина од 37,5 км е од особено значење за развој на туризмот, земјодел-ството и стопанството во Преспанскиот регион. Со реконструкцијата на оваа делница ќе се овозможи поквалитет-но поврзување помеѓу населените места Подмочани, Грнчари, како и туристичката населба Претор. Оваа делница преку неколку регионални и локални патишта се поврзува и кон населените места Бела Црква, Сливница, Љубојно, Курбиново, Крани, Штрбово и Долно Дупени. Вредност на проектот е околу 4,7 милиони евра, а средствата се обез-бедени со заем од Светска банка, како и дел од национално конфинансирање од Буџетот на Република Македонија. [Рок: јуни 2011]

Образложение:

Реконструкцијата на патниот правец Макази-Маркова нога, започна на 26 мај 2009 година.

Во рамките на реконструкцијата, во текот на 2010 и 2011 година се реконструираа различни делови од овој патен правец.

Според исказите на локалното население од Ресен и Преспа, патниот правец Макази-Маркова нога, и завршен во рамките на утврдениот рок, и е пуштен во употреба.

Линкови:

Оценето од: Марија Теговска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција