Рецензии: ВМРО ДПМНЕ прифаќа, СДСМ не знае дали е за парламентарна разврска

Претворањето на анонимни „дојави“ останува класика во тоа како овој весник ги наблудува релациите меѓу две најголеми партии. Дури и во атмосфера на максимална политичка борба, кога барем едната страна не е заинтересирана да останува анонимна. Проблемот на овој начин на приоѓање на анализите е што дури и кога некои навистина информирани извори даваат податоци за новинарот (новинарката) ние веќе стануваме скептични. Впрочем, таквото информирање може да е инцидентно а не да станува атрибут на „брендот“ во новинарството.
Во текстот е проблематичен насловот кој не ја одразува суштината на одговорите, но затоа ја спинува јавноста.
Линкуван наслов на анализираниот напис: ВМРО ДПМНЕ прифаќа, СДСМ не знае дали е за парламентарна разврска
Датум и време на објавување: 19.02.2015 17:26
Датум на рецензирање: 22.02.2015
Рецензент: Љубомир Костовски
Од партијата на Зоран Заев не дадоа мислење ниту за тоа дали предлогот, всушност, индиректно значи и можно враќање на опозицијата во парламентот и оттаму продолжувањето на дијалогот преку учеството во комисијата. Иако втор пат испративме имејл во кој инсистиравме на конкретен одговор за комисијата, до затворањето на весникот до СДСМ не добивме став за предлогот на еврокомесарот“.
Медиумот, од ова претпоставувате, се обидува да ги праша двете најголеми партии дали би ја прифатиле идејата на еврокомесарот Хан за формирање на анкетна комисија. Авторката вели дека во СДСМ не знаат дали се за тој предлог, иако излегува дека од таму добила одговор кој значи дека најпрвин треба да се исполнат барањата на ЕУ до земјава во областа на политиката, правосудството и слободата на медиумите, па потоа може да се разговара за се. Инсистирањето на „дообјаснување“ е се чини излишно, па така и заклучиле во СДСМ.
Проблемот е што насловот сугерира дека владеачката партија е за овој предлог. Ама ако внимателно го прочитате тој текст, па и неколку пати,  никаде не стои дека тоа е став на ДПМНЕ! Имено таму токму велат дека „немаат официјален став“. Како немањето став станува – позитивен, веројатно знае оној кој го потпишал текстот, ама тоа е по малку худиниевско искуство. Но постоел и некој неофицијален одговор кој сугерирал дека оваа партија би го прифатила тој предлог! Ама неволјата е што ниту официјалниот одговор, ако е таков каков што се дава, нема никаков јасен и препознатлив потпис! Што е тука всушност неофицијално? Пракитчно се. Значи дека новинарката нема ништо во рацете со што би го одбранила насловот, освен потребата да постави на страницата спин кој ќе ја направи едната партија (СДСМ ) неконструктивна а другата (ДПМНЕ) – конструктивна.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција