Рецензија: Предизвика негодувања: Мајка го нашминка нејзиниот 7-неделен син

Предизвика негодувања Мајка го нашминка нејзиниот 7 неделен син-crop-resize

 

Насловот на овој текст е сензационален. Помислата дека една мајка го нашминкала своето бебе, навистина, ужаснува, но, сепак, се работи за тоа дека мајката користела веб-апликација, факт кој се открива подолу во текстот.

Предизвика негодувања Мајка го нашминка нејзиниот 7 неделен синЛинкуван наслов на анализираниот напис: Предизвика негодувања: Мајка го нашминка нејзиниот 7-неделен син

Датум и време на објавување: 17.02.2015

Датум на рецензирање: 19.02.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

„28-годишна мајка со име Фиона го нашминкала својот мал си Габриел со „тешка“ шминка, а оваа нејзина забава предизвика многу полемики.“

На прв поглед насловот привлекува внимание и секој со голема љубопитност би го отворил овој текст, веројатно за да прочита и да види каква е таа мајка која се охрабрила да шминка мало бебе. Сепак, подолу во текстот се открива дека мајката ја користела апликацијата „јукам мејкап“ (YouCam Makeup), за да се забавува.

„Виртуелно нашминканото бебе на некои им беше забавно, но поголем дел негодуваа за постапката на мајката, особено што се работи за машко дете!“

Она што недостига во текстот е, секако, изворот на написот, информација каде тие фотографии биле објавени и, секако, коментарите во кои се негодува за ваквата постапка на мајката. Поради тоа, може да се каже дека текстот е некомплетен и дека вака пренесен има цел само да привлече повеќе читаност, но не и да му даде на читателот повеќе информации.

Доколку побарате на интернет, ќе го најдете истиот текст објавен во британски „Индипендент“, а во него ќе ги најдете одговорите што недостигаат во текстот кој е предмет на рецензија.

Не е спорно дека во денешно време, кога на пазарот има стотици портали, истите треба да се борат за повеќе читатели, објавувајќи сензационални наслови и текстови. Сепак, тие наслови не треба да го наведуваат читателот на погрешно мислење, а текстовите треба да бидат комплетни.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција