Самка Ибраимовски

 

 

На 31.05. 2017 година Самка Ибраимовски е избран за министер без ресор во Владата на Република Македонија, а на оваа функцција беше до декевмри 2017 година.

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Самка Ибраимовски е роден на 27.9.1954 година во Тетово.

Мајчин јазик: ромски, македонски, а зборува и турски, српски, делумно грчки, бугарски и англиски

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Факултет за менаџмент – Универзитет „Привредна Академија“ – Нови Сад

 

КАРИЕРА

2011 – 2015 година – пратеник  во Собрание на Република Македонија

Активности :

  • Комисија за локална самоуправа, член
  • Комисија за труд и социјална политика, член
  • Комисија за уставни прашања, заменик-член
  • Комисија за финансирање и буџет, заменик-член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација (Мешовит парламентарен комитет ЕУ – Република Македонија), заменик-член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на земјите од Латинска Америка и од Карибите, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Монголија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Романија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Украина, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Шпанија, член

2013 година – генерален секретар на Интерпарламентарната група на ромски пратеници од Европа

2008 – 2011 година – директор во Прифатен центар за баратели на азил – Скопје

2006 – 2008 година – директор  на „Униус Промет“ – Тетово, приватно претпријатие за вработување на инвалидизирани лица и производство на картонажа и канцелариски мебел

2004 – 2006 година  – заменик – министер за труд и социјална политика , Влада на Република Македонија – Министерство за труд и социјална политика

1998 – 2010 година – претседател  на Заедница на заштитни друштва на Република Македонија

1990 – 2004 година  –  директор на „Униус Промет“ – Тетово, приватно претпријатие за вработување на инвалидизирани лица и производство на картонажа и канцелариски мебел

 

ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА

Самка Ибраимовски е претседател на  Партијата за целосна еманципација на Ромите .

 

***** ОБНОВЕНО

Во декември 2017 година Самка Ибраимовски го напушти министерското место во Владата и потпиша изјава дека прифаќа да биде пратеник во Собранието. на 14 декември од неговиот кабинет соопштија:

Министерот без ресор Самка Ибраимоски задолжен за имплементација на националната стратегија за подобрување на состојбата на Ромите денеска ќе потпише изјава дека прифаќа да биде пратеник со што го напушта министерското место и ќе даде изјава пред Државната изборна комисија.

 

ИЗВОРИ

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција