Само најави за изградба на фекална мрежа на Партизанска

Трајановски допрва планира да почне изградба на фекална канализација на Партизанска, на потегот од булеварот 8.Септември до улицата Московска Фото: Принтскрин

ПРОЕКТ: ИЗГРАДБА НА ФЕКАЛНА МРЕЖА НА ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕДИ

Изградба на фекална мрежа на Бул. „Партизански одреди“, на потегот од улица „Московска“ до булеварот „8 Септември“. Станува збор за поставување фекална мрежа со зафат од ф 300 во ф 500.  (Рок: 2013-2014 година)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Проектот: ИЗГРАДБА НА ФЕКАЛНА МРЕЖА НА ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕДИ   е неисполнето ветување на градоначалникот  Скопје, Коце Трајановски најавен  во  Изборната програма , со која тој на локалните избори во 2013 година излезе да побара втор мандат од скопјани .  Во неговата програма „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобро Скопје“  (во делот Водоснабдување, атмосферски и фекални канализации стр.66), е наведено дека во периодот 2013-2014 година, ќе биде изградена фекална мрежа на Бул. „Партизански одреди“, на потегот од улица „Московска“ до булеварот „8 Септември“. Сепак, досега (10.06.2016) тоа не се случи, а според последните информации овој проект е во плановите на градоначалникот за оваа година.

Градоначалникот Трајаноски, минатиот месец, поточно на  21 мај оваа година (2016), во инетрју за порталот  Скопјеинфо,  зборувајќи за тоа „какви проекти подготвува Градот Скопје за  периодот што следува“, вели

За 2016 година во план се и други градежни зафати кои својата завршница ќе ја имаат во тековната година или во наредната, 2017 година. Во Градот Скопје деновиве се изработуваат потребните проекти за планираните градежни зафати и се комплетира потребната документација.

Меѓу нив ќе ги издвојам следниве зафати: работиме на проект за решавање на вкрстувањето на булеварот 8.Септември со улицата Скупи, кај Хубо Маркет; се подготвуваме за изградба на атмосферска канализација на улиците Џон Кенеди и Кемал Ататурк, како и за изградба на фекална канализација по должината на булеварот Партизански одреди, на потегот од булеварот 8.Септември до улицата Московска;

Па со оглед на тоа што , рокот за реализација на овој проект (2014) е поминат пред две години и  според последните најави  Градот допрва  ќе  прави фекална мрежа на Бул. „Партизански одреди“, на потегот од улица „Московска“ до булеварот „8 Септември“, ова ветување го оценуваме како неисполнето.

 

ИЗВОРИ:

 

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.

Оставете реакција