Сашо Поцков

 

Сашо Поцков e градоначалник на Oпштина Гевгелија

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Поцков е роден на 17.05.1966 година  во Гевгелија. Oженет е и татко на две деца.

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Основно и средно образование завршил во Гевгелија, а дипломирал 1989 година на Економскиот факултет при Универзитет  “Св.Кирил и Методиј” во Скопје.

Во 2000 година се запишал на постдипломски студии на истиот Универзитет и магистрирал во 2003 година во областа МБА.

 

КАРИЕРА

Прво вработување во ,,ЗИК Винојуг” Гевгелија – сектор комерција.

Од 1997 до 1999 година е генерален директор на ,,ЗИК Винојуг” Гевгелија.

Од 2005 до 2014 година е вработен во „АД Осигурителна полиса“ како менаџер на експозитура во Гевгелија.

На локалните избори 2009 година  стана советник во Советот на Општина Гевгелија и истата функција ја извршува до март 2013 година.

Од 2014 до 2017 е пратеник во  Собранието на Република Македонија.

На локалните избори во октомври 2017 година е избран за градоначалник на Општина Гевгелија.

 

ИЗВОРИ:

Веб-страница на Општина Гевгелија: Градоначалник/Биографија

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција