СДСМ вети, но не воспостави специјализирани трговски судови

Фото: pixabay.com

ВЕТУВАЊЕ:  СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИ ТРГОВСКИ СУДОВИ

Многу инвеститори се жалат на бавните судски одлуки и нивниот квалитет. За да го подобриме бизнис амбиентот и да им гарантираме правна сигурност на оние кои отвораат работни места, ќе побараме поширока поддршка во Собранието за воведување на специјализирани трговски судови. Тие ќе бидат побрзи, постручни и независни.

[Извор: Програма на СДСМ за парламентарни избори во 2016 година „План за живот во Македонија“, стр. 31 и 258]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

СДСМ во својата програма за предвремените парламентарни избори во 2016 година вети дека ќе ја подобри бизнис климата, меѓу дpугото,  и со формирање на специјализирани трговски судови. Меѓутоа, иако беше ветено дека трговските судови ќе станат македонска практика за две години од изборот на Владата, реализацијата на ова ветување досега (05.02.2019) воопшто не е започната.

Потребата од посебни трговски судови во чија надлежност ќе бидат споровите кои произлегуваат од работата на бизнисите, произлезе од практиката во кој бизнисмените се жалат на бавното решавање на споровите во судовите.

Иако од изборот на Владата поминаа повеќе од година и половина, досега  нема информација дека се работи на подготовка или измена на некое законско решение за воспоставување трговски судови. Нема најава ниту дека се работи на текст на нов закон , ниту пак, ваков суд се планиран во нацрт Стратегијата на правосудниот систем за период 2017-2022.

Формирање на ваков суд не е предвидено нити во Планот 18, во кој се поместени клучните реформи во правосудството во рамки на извештајот на Прибе и реформите на судскиот систем, кои треба да се направат пред земјава да почне преговори со Европската унија.

Дека сѐ уште не е создадена законска подлога за формирање на ваков вид на судови потрврдуваат и бизнис заедниците кои во текот на изминатите години бараат формирање на вакви судови.

Од Сојузот на стопански комори за „Вистиномер“ велат дека досега оваа Комора не е информирана дека постои некаква иницијатива за законско решение за воспоставување на трговски судови.

За да го оствари ова ветување на СДСМ на Владата ѝ остануваат помалку од четири месеци, што не е доволно ниту за покренување на постапка за донесување на законско решение. Дополнително, во периодот што доаѓа планиран е и изборен процес кој ќе запре дел од активностите на Владата. Со оглед дека во рамките на процесот на реформи на судскиот систем  нема информација дека прашањето на трговските судови е покренато,  ова ветување  на СДСМ го оценуваме како неисполнето.

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Рада Исовска – Маневска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.