Се ближат локални избори – загадувањето нема да се заборави !

Во пресрет на локалните избори, кои практично се на праг, дел од невладините се мобилизираат. Тетовската „Еко Герила“ подготвува кампања. Од невладината за „Порталб“ велат дека таргет ќе бидат локалните власти, односно не само досегашните градоначалници, туку и оние што ја посакуваат градоначалничката фотеља во иднина.

 

Во пресрет на локалните избори, кои практично се на праг, дел од невладините се мобилизираат. Тетовската „Еко Герила“ подготвува кампања. Од невладината за „Порталб“ велат дека таргет ќе бидат локалните власти, односно не само досегашните градоначалници, туку и оние што ја посакуваат градоначалничката фотеља во иднина.

 

Пишува: Анета Додевска

(Неделна економска анализа на „Порталб“)

Ниските температури и северниот ветер на моменти го намалија, но не го запреа загадувањето. Во неделата што измина и на поларни температури, загаденоста во одредени региони и општини достигна пик. Тетовци остануваат во групата на најизложени граѓани на загаденоста. Токму во Тетово невладиниот сектор подготвува агресивна кампања во предвечерјето на локалните избори. Што воопшто ветуваа локалните власти во земјава на оваа тема, а што испорачаа?

МНОГУ ВЕТУВАВТЕ, А ШТО ОСТВАРИВТЕ? ГРАЃАНИТЕ СЕ ЗАДУШИЈА!
Во пресрет на локалните избори, кои практично се на праг, дел од невладините се мобилизираат. Тетовската „Еко Герила“ подготвува кампања. Од невладината за „Порталб“ велат дека таргет ќе бидат локалните власти, односно не само досегашните градоначалници, туку и оние што ја посакуваат градоначалничката фотеља во иднина.

Клучно е прашањето што ветуваа градските татковци за време на изборната кампања, а што потоа остварија откако дојдоа на чело на општините. Ќе ги потсетиме токму тоа – што им ветуваа на граѓаните. На пример, градоначалничката Тута Арифи вети дека до 2016 година Тетово ќе има јавен превоз, сега сме 2017 година а од тоа нема ништо. Оваа кампања нема да биде насочена кон личности, туку ќе носи порака и за оние што претендираат да седнат во градоначалничката фотеља. Ова значи дека целта не е само да се казни градоначалничката, туку да им се каже на тие што ќе дојдат, со кого ќе си имаат работа – со граѓани кои ќе се борат за подобар живот, вели за Portalb.mk Арианит Џафери, од граѓанската организација Еко Герила од Тетово.

Тетово останува во групата најзагадени градови, во кои воздухот е загаден неколкукратно над дозволените граници. Мерењата покажаа дека изминатиот период е регистрирано ниво на загаденост речиси исто како и во 2015 година. Во период ноември-декември, печките  на „Југохром“ беа исклучени, што според дел од екологистите тоа директно влијаеше врз намалување на степенот на загаденост.

Мерните станици покажаа намалена загаденост и до 50 отсто, но тоа не ја промени сликата дека Тетово е меѓу најзагадените градови. За намалувањето удел имаше и затворањето на Југохром. Ние не сме против фабериката, но ние сме против работењето без инсталирани филтри. Значи, не сакаме овој капацитет да биде затворен, туку да работи според еколошки стандарди, вели за Portalb.mk екологистот Џафери.

Во 2015 година, Тетово се искачи на првото  место во Европа и во светот според степенот на  аерозагадувањето. Во ноември, 2016 година Тетово беше рангиран  на десетото место. Според неофицијални проценки само во Тетово има над 120.000 автомобили. Дополнително, овој град е изложен на континуирана градежна инвазија а постојат и диви депонии кои уште повеќе ја влошуваат состојбата.

Според Светската Здравствена Организација 80% од белодробните заболувања во светот се резултат на воздушното загадување од колите, камионите и останатите возила.
РЕАКЦИИ: ЗАГАДУВАЊЕ ИМА, ДАЛИ ЌЕ ИМА И ОДГОВОРНОСТ?

Во ек на политички комбинаторики за формирање Влада, загадувањето сепак беше една од топ темите кои покренаа лавина реакции.  СДСМ  ја обвини власта дека нема реални политики со кои ќе го намали загадувањето  и бараат итни мерки, една од нив гасификација на Скопје, но и на други градови.

Власта во заминување досега не презема ништо против загадувањето, поради што болниците се преполни со хронични болни, но и со деца! Во ризик е здравјето на граѓаните! Има и жртви. Загадувањето на воздухот, и лекарите велат дека е една од причните за компликациите по здравјето на луѓето. За најголемите загадувачи да се обезбедат субвенции за најсовремени филтри. Субвенционирање на фотоволтаични уреди за користење на сонцето како природен енергенс. Еве, во четвртокот  на мерната станица Битола 2 измерени дури 808 микрограми на еден кубен метар ПМ10 честички, што е за 16 пати повеќе од максимално дозволената граница, изјави меѓудругото  Пеце Мирчески, претседател на Комисијата за животна средина и член на Извршниот одбор на СДСМ.

Партијата ДОМ  бара да се прогласи вонредна состојба.

Низ це­ла Ма­ке­до­ни­ја се ме­рат од 4 до 12 па­ти по­ви­со­ки вред­нос­ти за от­ров­ни­те чес­тички. Во Пе­кинг се кре­на алармот при за­га­ду­ва­ње со ПМ10 од 200 мик­рог­ра­ми на ме­тар ку­бен, а пак за вре­ме на го­ле­ми­от смог во Лон­дон во 1952 го­дина, ко­га ум­реа над 4 ил­ја­ди луѓе, за­га­ду­ва­ње­то бе­ше 400 мик­рог­ра­ми на ме­тар ку­бен, велат од  ДОМ, пренесува Portalb.mk.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат  дека решавањето на проблемот со квалитетот на воздухот бара сеопфатно решение на кое што партијата веќе работи, а не со нереални предлози и проекти. Од партијата сметаат дека  СДСМ ја манипулира јавноста и предлага мерки за гасификација, а од друга страна Куманово и Струмица се едни од најзагадените општини во државата.

Токму од овие општини стигаат информации за зголемен број граѓани кои се жалат на квалитетот на воздухот и влијанието врз нивното здравје, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција