Се гради водоводната мрежа во село Никиштани – Општина Ѓорче Петров

Фото: opstinagpetrov.gov.mk

 

Завршување на водоводот за да се обезбеди вода за пиење до секоја куќа, со крак во долниот дел на селото.

[Извор: Изборна програма на Александар Наумоски за локалните избори 2017 година „Живот во Ѓорче Петров за сите“ стр. 38, датум: октомври 2017]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Завршување на водоводот во с. Никиштани со цел да  се обезбеди вода за пиење до секоја куќа во селото, вети за локалните избори (15.10.2017 г.) градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски. Споменатото ветување на Наумоски  е дел од  неговата изборна програма: „Живот во Ѓорче Петров за сите“ (стр. 38)  и реализацијата на овој проект е во тек.

Активностите за доизградба на водоводот почнаа кон крајот на минатата година (ноември 2018). Станува збор за изградба на вториот прстен од  дистрибутивната  примарна и секундарна мрежа во должина од 2.200 метри. Вредноста на проектот е 9 милиони денари и тој е во реализација на Општина Ѓорче Петров, со поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Во изминатиот период дел од медиумите информира за текот на изградбата на водоводот во Никиштани. Порталот „Скопје инфо.мк“ на 29.03.2019 година информираше дека градоначалникот Александар Наумоски и неговиот тим направиле увид во градежните работи и утврдената динамика во поставувањето на водоводната мрежа. Во текстот е пренесена и изјава на Наумоски во која тој најавува дека проектот ќе се заврши до крајот на годината.

Информација и фотографии  за изградбата на  водоводот во Никиштани се објавени и на веб-страницата на Општина Ѓорче Петров.

 

ИЗВОРИ:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција