Се очекува земјоделците да добијат „зелена нафта“ оваа година

Се најавува дека земјоделците од мај ќе може да аплицираат за „зелена нафта“ Фото: МИА

„ЗЕЛЕНА НАФТА“ – ПОЕВТИНО ГОРИВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО

Ќе ја субвенционираме нафтата за земјоделската механизација. Ова ќе го овозможиме преку намалување на акцизната давачка нафта за земјоделска механизација за 50 отсто. Количината на субвенционирана нафта ќе зависи од големината на земјоделските стопанства со што ќе се спречат можни злоупотреби.

[Извор: СДСМ програма за парламентарни избори 2016 –„План за живот“ : Социјални мерки за земјоделците,  стр.90]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ова ветување на СДСМ дадено за парламентарните избори 2016 година,  е во тек на реализација и според најавите од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), земјоделците од мај оваа година ќе можат да аплицираат за „зелена нафта“. Со мерката „зелена нафта“ се очекува да се ублажи ударот за земјоделците од зголемувањето на акцизата за нафтата кое стапи на сила од почетокот на месецов, а беше најавено со донесувањето на Буџетот за годинава. Од Министерството за земјоделство лани информираа дека има пари за реализирањето на оваа мерка во текот на 2018 година.

На почетокот на годинава на Националниот електронски регистар на прописи (ЕНЕР),  објави известување за почеток на процесот за подготовка на Закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој.

На владината седница од 15 ноември лани, пак, е постигната согласност за измена на Законот за земјоделство и рурален развој за да може се воспостави законска основа за т.н. зелена нафта  Информација за тоа презентираше, портпаролката на Министерството за земјодлество, Соња Јанковска, на брифинг за новинари во Владата на кој главно се зборуваше за мерките во змјоделството што ги усвоила Владата.

Реализацијата на мерката за т.н евтина зелена нафта ќе се спроведе преку измени на Законот за земјоделство и рурален развој. Во Владата има консензус за носење на оваа мерка, која што е ветена и во Програмата на Владата. Во буџетот на МЗШВ има пари за реализација на поддршката за набавка на гориво за земјоделска механизација и Владата ќе ја реализира оваа мерка следната 2018 година. Сега во завршна фаза се анализите за трошоците за секоја земјоделска култура, затоа што истите се разликуват од едно до друго земјоделско стопанство, а исто така се разработуваат и модаталитетите за имплементација на истата. Оваа мерка е значајна за земјоделците, затоа што ќе придонесе за намалување на трошоците во земјоделското производство. (Фактор, информација од брифингот на 16 ноември 2017 г.).

Дека се завршени анализите потребни за подготовка на измените на Законот потврди министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во изјава од 25 ноември 2017 година.

Сите анализи што треба да бидат направени во овие неколку месеци, Министерството ги направи и зелената нафта, како и ослободувањето од персоналниот данок до милион денари преку новиот систем на Управата за јавни приходи што ќе биде дефиниран во следните неколку денови, се едни од придобивките и од ветувањата вградени во програмата на новата реформска и демократска Влада (Либертас 25 ноември 2017 година)

Измените на Законот за земјоделски и рурален развој, според владините планови, треба да поминат на владина седница до крајот на јануари по што тие влегуваат во собраниска процедура. По донесувањето  на измените ќе се создадат услови земјоделците да аплицираат по Програмите за субвенционирање, односно до 15-ти мај 2018 година, така што, ветувањето во моментот има оценка „во тек“.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Рада Исовска – Маневска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција