Се реновира внатрешноста на киносалата во Делчево

Внатрешната рекоснтрукција на киносалата треба да завррши до крајот на 2016 година Фото: Принтскрин

ПРОЕКТ: РЕКОНСТРУКЦИЈА НА КИНОСАЛАТА ВО ДЕЛЧЕВО

Продолжува реконструкцијата на киносалата во Делчево, со што овој град ќе добие современ простор за при кажување на филмовите од богатата македонска и светска кинематографска продукција. Носител: Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров” – Делчево  (Буџет: 2.000.000 денари Рок: 2014 гoдина)

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

 

Овој проект е ветен во изборната програма  на ВМРО-ДПМНЕ, „Проверено“ (2014-2018) во делот „Поквалитетен живот за сите“ (Култура и уметност  стр.323),  и неговата реализација е во тек. Надворешната реконструкција на киносалата во Делчево е завршена во почетокот на 2015 година, а во септември 2016 годнина започна нејзината внатрешна реконструкција и таа треба да финишира на крајот на годината (2016).

Реконструкцијата на киносалата во Делчево, во состав на националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“, започна во август 2014 година. Од  Министерството за култура тогаш соопштија:

Согласно проектот,  ќе биде извршена реконструкција и санација на покривната конструкција, на внатрешните простории на киносалата, а ќе биде обновена и фасадата. Исто така, ќе се санира и  помошната зграда која е во склоп на самиот објект.

Во февруари 2015 година министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска, која тогаш беше во работна посета на Делчево, официјално ја прогласи за завршена надворешната реконструкција на киносалата во Делчево:

Станува збор за целосна реконструкција на фасадата на киноссалата со поставување на изолација како и целосна замена на кровната конструкција со поставување на нова.

Во септември 2016 започна внатрешната реконструкција на киносалата во Делчево. Како што соопштија од  од Министерство за култура:

Според проектот, ќе биде извршена реконструкција на внатрешните простории на киносалата, на сцената, столчињата, подот и ѕидните површини.

Реконструкцијата на киносалата во Делчево треба да биде завршена до крајот на годинава, со што  Делчево ќе добие нов современ простор кој во текот на целата година, освен за презентација на филмовите од богатата македонска и светска кинематографија, ќе се користи и за други културни настани, семинари, предавања, концерти и манифестации.

 

ИЗВОРИ:

 

Оценето од: Оливера Војновска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција