Северниот булевар во Кавадарци не е реконструиран

Булеварот уште ја чека реконструкцијата. Фото: скриншот

Комплетна реконструкција на улицата Северен булевар
Поради лошиот квалитет на улицата, таа мора да се реконструира, да се замени тампонот и да се постави нова асфалтна маса. Овој проект ќе се реализира со средства од буџетот на Општина Кавадарци. (Рок на реализација: 2015 година)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Во својата изборна програма со која тргна да ја освојува доверба на гласачите на локалните избори во 2013 година, градоначалничкиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Панов, вети и комплетна реконструкција на Северниот булевар во градот Кавадарци. На 74-тата страница од програмата, тој ветува дека до 2015 година, односно до нејзиниот крај, ќе биде комплетно сменета подлогата, односно тампонот, и ќе се изврши асфалтирање на Северен булевар, што значи дека треба да се направи реконструкција, односно оваа сообраќајница да се преизгради. Според утврденото, ова ветување на Александар Панов е неисполнето.

Најмногу што откривме прелистувајќи го веб-сајтот на Општина Кавадарци во потрага по информација за реализацијата на ова ветување е информацијата од 1 април 2016, во која едниот крај на Северен булевар се споменува само како кота до која ќе се реконструира Западниот булевар. Други информации за преземени какви било мерки за реконструкција на Северен булевар нема.

Граѓанин на Кавадарци за „Вистиномер“ потврди дека ништо досега не е преземено да се реализира ова ветување на кавадаречкиот градоначалник Александар Панов.

Ниту на веб-сајтот на КТВ, ниту на инфо-сајтот „Дума“ не најдовме информации за преземени мерки за реконструкција на овој булевар.

Поради тоа, а со оглед на фактот дека рокот за реконструкција на Северен булевар во Кавадарци (2015) е истечен, ова ветување на Александар Панов е неисполнето.

 

ИЗВОРИ

 

Оценето од: Сашо Спасоски

 

 


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на текстот е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.