Штипјани добија затворен градски пазар

Покриен градски пазар во Штип Фото: Принтскрин , ЈП „ Исар“

 

Проект: Покриен градски пазар.

Во модерниот деловно-станбен комплекс – локалитет Печурки во населба Автокоманда, на заинтересирани инвеститори, според моделот на јавно-приватно партнерство, ќе им понудиме да изградат покриен градски пазар за овошје и за зеленчук во сутеренот на комплексот. (Извори на финанси: Јавно-приватно партнерство Рок: 2013-2017 година)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Проектот: „Изградба на покриен градски пазар во Штип“,  е исполнето ветување на градоначалникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илчо Захариев. Овој проект е содржан во неговата изборна програма (стр.34) за локалните избори 2013-2017 година, насловена како „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра општина Штип“.

Градоначалникот Захариев, во октомври 2013 година, неколку месеци по неговиот избор, во изјава за медиумите, информира дека:

Општина Штип трага по инвеститор за покриен градски пазар во Автокоманда. Градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, вели дека инвеститори од Италија, Турција и соседна Грција веќе оствариле средба со него.

На 25.12.2015 година директорот на ЈП „Исар“, Ангел Бојаџиев изјави дека Штип за три месеци ќе добие покриен пазар.

Штип за три месеци ќе добие покриен Градски пазар. Директорот на ЈП „Исар“, Ангел Бојаџиев вели дека денеска е завршен тендерот за изградба на 14 дуќани и за покривање на пазарот. Тендерот го добила фирма од струмичкиот регион, која дала најдобра понуда, а проектот, кој се очекува да биде реализиран за три месеци, ќе чини околу 10 милиони денари.

На 13.01.2016 година, обајвена е информација дека Штипското комунално претпријатие „Исар“ го потпишало договорот со струмичка фирма, која во рок од 60 дена треба да изгради 14 монтажни дуќани и да го покрие градскиот пазар во Штип.

Директорот на ЈП „Исар“, Ангел Бојаџиев, рече дека инвестицијата ќе чини 120.000 евра, а секој од 14-те дуќани ќе имаат свои санитарни јазли, со што ќе се подобрат и условите за пазарување на Градскиот пазар.

Реконструираниот штипски градски пазар е пуштен во употреба на 3. Јуни 2016 година.

Штипското комунално претпријатие „Исар“ денеска свечено во употреба го пушти покриениот пазар и новите 14 дуќани, а директорот на ЈП „Исар“, Ангел Бојаџиев информира дека инвестицијата изнесува над 14 милиони денари.

Фотографии од реновираниот пазар, на 7 јуни 2016 година, беа објавени на официјалната Фејсбук страна на ЈП Исар.

Имајќи го предвид сето ова може да се заклучи дека ветувањето на градоначалникот Захариев за изградба на затворен градски пазар е исполнето.

 

ИЗВОРИ:

 

Оценето од: Ана Анастасовска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.

Оставете реакција