Што се вети Субрата Рој

Во изминатиов период се објавуваат многу ветувања и планови на индискиот милијардер Субрата Рој за Македонија. Тимот на Вистиномер направи истражување и ги издвои дадените ветувања:

Фабрика за добиточна храна

[…] Покрај ревитализацијата на значајните, но запуштени производни капацитети на бившиот агрокомбинат Џумајлија, во предвидениот период од три години треба да се даде значителен придонес во развојот на млечниот сектор преку нови количини производство на млеко од 80 илјади литри дневно и производство на сточна храна од 75 илјади тони годишно […]

Млекарница 

[…] Сахара групацијата во следните три години во Џумајлија ќе изгради регионален млечен центар инвестирајќи повеќе од 200 милиони евра.[…]

[…] Ќе започне и изградба на фабрика за добиточна храна и млекарница со фарма со над 20 илјади грла. […]

[…] На ова земјиште ќе се изгради најголемата фарма и млекарница во овој регион. За еден месец  ќе започнат првите градежни работи, а првото млеко се надеваме дека ќе биде дел од трпезите до крајот на следната година. Ние во оваа млекарница и фарма ќе вложиме не само финансиски средства туку и знаење и технологија што за првпат ќе бидат презентирани во Македонија. Млечната индустрија има можност за развој единствено ако се инвестира и вложува […]

[…] Дневно производство од 80.000 литри сирово млеко, годишна заработка од 40 милиони евра […]

[…] Дневно производство од 80.000 литри сирово млеко, годишна заработка од 40 милиони евра, поврат на инвестицијата за 5 години […]

[…] Ќе има соработка со локалното население и фармерите, а со производството на млеко и извозот ќе се намали трговскиот дефицит на земјата. […]

Вработувања на 2000 лица

[…] Предвидената инвестиција [во Џумајлија] ќе влијае на зголемување на вработеноста во Овчеполскиот регион, затоа што се предвидуваат 2000 вработувања […]

Туристички комплекс на Охридското Езеро

[…] Проектот „Сахарајан Македонија“ ќе се гради на 240 хектари во околината на Охридско Езеро. Ќе содржи хотели од светска класа, казина, станбени и рекреативни објекти и терен за голф по меѓународни стандарди. […]

sahara-ohrid

Филм и промоција на Македонија

[…] „Веќе им реков на моите луѓе да направат филм за оваа земја. Сите добри поенти ќе треба да ги ставиме и во една добра книга – брошура… Потоа, тие материјали ќе ги пратиме насекаде низ светот, до сите луѓе од туристичкиот бизнис. Мора да им ги пратиме и да им кажеме ова е само почетокот. Потоа имаме план да привлечеме снимање на филмови овде. Го бираме местото за тоа и ќе направиме студија. Многу сум сигурен дека ова ќе ги привлече Боливуд и Холивуд и верувајте ми дека било кој град или земја, ако имаат континуирано снимање на големи филмови, се појавуваат на светската мапа. Со гламур!“ […]

Споменик на Мајка Тереза

На ова место ќе се издигне дом каде ќе почива споменот за оваа голема и милостива жена. Оваа статуа која ќе и биде посветена предлагам да го носи името „Статуа на хуманоста“

Останува да видиме и следиме, кои од ветувањата ќе се исполнат според планираното и дали ќе бидат завршени во дадениот рок.

Линкови:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција