Шуто Оризари доби нов водовод

vmro-dpmne-logo

Проект: Водоснабдување за Шуто Оризари.

Опис на проектот: Подобрување на мрежата за снабдување со вода во на- селбата Шуто Оризари со изградба на пумпна станица кај бул. „Босна и Хер- цеговина“, нов потисен цевковод до постојните резервоари и изградба на нов резервоар. Овој проект ќе го реализира Град Скопје, во соработка со Општина Шуто Оризари и со ЈП „Водовод и канализација – Скопје“. (Вредност на изведба: 2,5 мил евра. Рок: 2013-2015 година)

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето за изградба на нов водовод во Шуто Оризари е исполнето ветување на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, но со задоцнување од две години од рокот за реализација предвиден во неговата предизборна програма за локалните избори 2013 година, насловена како „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобро Скопје!“ (стр. 63)

Договорот за изградба на водоводот, како што беше објавено на официјалната веб – страница на Град Скопје, беше потпишан на 27.05.2015 година.

Денеска /27.05.2015 година/ во салата до Кабинетот на градоначалникот на Град Скопје, договор за изведба на систем за водоснабдување во општина Шуто Оризари потпишаа Градот Скопје, ЈП„Водовод и канализација“, Општината Шуто Оризари и компанијата изведувач Хидрострој ЈСЦ од Република Бугарија.

Изградбата на новиот водовод во населбата Шуто Оризараи, како што пренесоа дел од медиумите, почна на 29.06.2015 година.

Децениските проблеми со водоснабдувањето на жителите од населбите Шуто Оризари и дел од Скопје Север ќе се решат со изградбата на новиот систем за водоснабдување во општина Шуто Оризари. Почетокот на градежните работи денеска го означија премиерот Никола Груевски, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, јави порталот Лидер.

Новиот водовод во Шуто Оризари, како завршен проект е наведен во Отчетот на Трајановски за сработеното во текот на мандатот 2013-2017 година, на стр.60.

Градот Скопје, ЈП „Водовод и канализација“ и Општина Шуто Оризари изградија нов систем за водоснабдување во општината Шуто Оризари со што ќе се  решат децениските проблеми со водоснабдувањето  во населбите  Шуто Оризари  и дел од Скопје Север. Новиот водоснабдителен систем опфати изградба на резервоар од 4.350 кубни метри во близина на постојните резервоари на ЈП „Водовод и канализација“ на улицата Гвадалахара; пумпна станица кај поранешната фабрика на АД „ТИПО“ на булеварот Словенија и цевковод со должи- на од 2,3 километри и профил од 500 милиметри кој ќе води од пумпната станица, па по улиците Шуто Оризари, Виничка, Че Гевара, Плачковица и Бутелски венец. Изградена е и атмосферска канализација по должината на улицата Бутелски венец, во должина од еден километар и со профил на цевките од 400 милиметри. Вкупната вредност на инвестицијата
изнесува околу 225 милиони денари или 3,6 милиони евра.  Во финансирањето на овој проект Градот Скопје учествува со околу 106,4 милиони денари; ЈП „Водовод и канализација“ – со 90,3 милиони денари,  а Општина Шуто Оризари учествува со 28,3 милиони денари.

Од Град Скопје, во изјава за „Вистиномер“, потврдија дека „водоводот во Шуто Оризари е целосно изграден и ставен во функција за што се инвестирани 3,6 милиони евра“.

Имајќи го предвид сето ова, може да се заклучи дека ветувањето на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски за изградба на нов водовод во Шуто Оризари е исполнето.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Ана Анастасовска


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *