Шверц на тутун – државата и легалниот пазар губат милиони евра

ситно сецкан тутун наменет за рачно виткање цигари. Фото: T.Б.

 

Големиот пораст на нелегална продажба на најчесто шверцуван сецкан тутун на пазарите во земјава е потврден и очигледен факт. Ваквата состојба им се заканува на сите што се дел од легалниот пазар, од над 100 илјади луѓе што живеат од производството на оваа земјоделска култура, преку производителите на цигари и други производи од тутун, државата губи милиони евра што би можела да ги собере од акцизи дополнително, плус околу 50.000 пушачи кои дополнително го ризикуваат своето здравје не знаејќи што пушат.

Сликата со преплавените нелегални или легални продажни места на скопски Бит пазар каде може да се купи ситно сецкан тутун за полнење или виткање цигари, на која граѓаните се сведоци со години, сега е слика на речиси сите пазари во населените места во државата.

Сивата економија од која живеат стотици граѓани што ги продаваат овие производи има своја, не
баш ниска цена – губи легалниот пазар во моментов околу 8-10 отсто, губи државата со можноста
дополнително да ги наполни своите каси со приходи од акциза и ДДВ, по некои проценки и околу
18 милиони евра, со ризик и сегашниот приход по таа основа да се намали од намалената легална продажба, губат потенцијално сите земјоделци што произведуваат со договори и легално од намалените количини што би ги засадувале во иднина, губат мали семејни бизниси на трговија
поради не баш малите приходи што ги добиваат од компаниите за да продаваат цигари и конечно,
огромна маса од десетици илјади граѓани дополнително го ризикуваат своето здравје, бидејќи не
знаат што пушат – најпроблематични се количествата на катранот во ваквиот тутун кој според
испитувања што ги прави и државата и тутунската индустрија може да изнесуваат и до 4 пати
повеќе од дозволените параметри….

Целата истражувачка сторија можете да ја погледнете на следниот линк

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција