Силјановска не му била советник на претседателот Иванов

Фото: Принтскрин

 

Kандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните претседателски избори  Гордана Силјановска – Давкова,  во текот на вечерашната  дебата на МРТ реплицирајќи му на претседателскиот кандидат на владејачката коалиција, Стево Пендаровски, ја кажа и следната вистина:

Никогаш не сум била советник на претседателот Ѓорѓе Иванов

[Извор: ТВ дуел на претседателски кандидати, МРТ1 – Датум: 25.04.2019] 

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ: 

Ова тврдење на професорката Гордана Силјановска – Давкова, дека не му била советник на претседателот Ѓорѓе Иванов, е вистинито.

Со проверка на веб-страницата на претседателот  на државата може да се види дека меѓу луѓето кои го советуваат Иванов не е и името на Силјановска – Давкова.

Советници

  • д-р Иле Масалковски – Заменик генерален секретар за организациони и протоколарни работи
  • Генерал п.полковник Горанчо Котески – Советник за воени прашања
  • Илија Исајловски – Посебен советник за прашања од областа на надворешната политика
  • Зерин Абаз – Посебен советник за прашања од областа на надворешната политика
  • д-р Фљора Кадриу – Посебен советник за прашања од областа на внатрешната политика
  • Даниел Ѓокески – Посебен советник за прашања од областа на внатрешната политика
  • Анастасија Илиевска – Посебен советник за прашања од областа на одбраната и безбедноста
  • Бригаден генерал Методи Хаџи-Јанев – Аѓутант
  • Љуљета Ќуфлију – Советник за меѓунационални односи

Исто така, со детално пребарување на интернет не може да се најдат податоци дека професорката Силјановска- Давкова  во изминативе десет години, односно во текот на двата мандата на Иванов,  била негов советник.

Колеги на Силјановска – Давкова, професори од Правниот факлутет „Јуситнијан Први“, исто така, ни потврдија дека таа, барем формално, никогаш не му била советник на Иванов.

 

ИЗВОРИ:

  • Веб-страница на претседателот Ѓорѓе Иванов: Советници [Пристапено на: 25.04 2019]

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.