Синдикатот на УПОЗ и Владата започнаа колективно договарање

 

ВЕТУВАЊЕ: Ќе го започнеме колективното договарање како столб за уредување на односите помеѓу синдикатот на администрацијата и Владата.

[Извор: Програма на СДСМ за парламентарни иабори 2016 година „План за живот во Македонија“ –План 180° итни реформски приоритети на новата влада во првите 6 месеци, страна 234]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето дадено од СДСМ во програмата „План за живот во Македонија“ за парламентарните избори во 2016 година дека ќе го започне колективното договарање како столб за уредување на односите помеѓу синдикатот на администрацијата и Владата е исполнето.

Имено, на почетокот на март годинава преговорите за нов колективен договор ги најавија двата социјални партнери – Синдикатот на УПОЗ и Министерството за информатичко општество и администрација. И двете страни тогаш изразија надеж дека ќе дојдат до најдобри решенија за вработените во јавната администрација.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, присуствуваше на седницата на Синдикатот на УПОЗ, каде што ги претстави активностите на МИОА во делот на реформата во јавната администрација.

Манчевски најави формирање на работна група за изготвување на грански колективен договор за вработените во органите на државната управа.

На овој начин се оди чекор напред во заштита на правата на овие вработени. Со гранските колективни договори подетално и појасно ќе се уредуваат правата и обврските кои произлегуваат од работниот однос. Целта е работниците се вклучуваат директно во работниот процес со цел да се зголеми свеста за нивните права, но и продуктивност. Тоа значи дека вработените ќе имаат целосни и јасни информации за сите процеси што произлегуваат од нивниот работен ангажман, правилата за користење на одмор, слободни денови, обврската на работодавачот да обезбеди стручно оспособување и соодветни обуки итн. (Манчевски).

За започнување на процесот на договарање меѓу Синдикатот на ПОЗ и Министерството за информатичко општество информираа медиумите, но информации се поместени и на интернет страниците на МИОА и УПОЗ.

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Пецо Груевски за „Вистиномер“ деновиве изјави дека работната група на синдикатот го подготвила предлог колективниот договор и го доставила до Министерството за информатичко општество и администрација.

Ние го подготвивме текстот, сега останува МИОА да го го разгледа и потоа да ги почнеме преговорите за утврдување на конечниот текст. Се надеваме дека тоа ќе оди брзо – вели Грјовски.

Од Министерството за информатичко општество и администрација за Вистиномер потврдија дека предлог/нацрт текстот на колективниот договор за јавната администрација од Синдикатот на УПОЗ е добиен.

Во моментов предлогот е на меѓуресорски консултации. По завршувањето на процесот на консултации УПОЗ ќе добијат повратно мислење по што ќе започне фазата на финализирање на договорот од страна на работната група.

Според тоа, ветвањето дадено од СДСМ во програмата „План за живот во Македонија“ за парламентарните избори во 2016 година дека ќе го започне колективното договарање помеѓу синдикатот на администрацијата и Владата е исполнето.

 

ИЗВОРИ:

  • Програма на СДСМ за парламентарни иабори 2016 година „План за живот во Македонија“ –План 180° итни реформски приоритети на новата влада во првите 6 месеци, страна 234) (Пристапено 26.08 2018).
  • Министерство за информатичко општество и администрација ( 06, 03. 2018) :МИОА и УПОЗ започнуваат подготовка на грански колективни договори (Пристапено 26.08 2018).
  • УПОЗ (07.03 2018) Синдикатот на УПОЗ и МИОА започнуваат подготовка на грански колективен договор (Пристапено 26.08 2018).
  • Канал 5 ( 6,03 2018 ) : МИОА и УПОЗ започнуваат подготовка на грански колективни договори (Пристапено 26.08 2018).

 

Пишува: Рада Исовска – Маневска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија. Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Оставете реакција