Сите министерства сè уште не ја објавија целата листа документи од јавен карактер

Само неколку министерства го објавија целиот сет од 21 документ од јавен карактер Фото: komspi.mk

Оваа втора проверка на веб-сајтовите на сите 15 министерства покажа дека иако, во однос на претходниот пат, сега е зголемен бројот на министерствата кои ја објавиле целата листа на документи, сепак, тоа не го сториле сите министерства

 

Mинистерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, нa 31.10.2017 година соопшти дека Владата усвоила информацијата подготвена од Министерството за информатичко општество и администрација, што се однесува на:

Листа на акти и материјали коишто министерствата согласно закон се обврзани да ги објават на своите веб страни. Станува збор за листа од 21 документ, коишто во наредните 15 дена треба да бидат објавени на веб страните на министерствата.

[Извор: МИОА; Датум: 31.10.2017]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Обврската на министерствата до 15 ноември 2017 година на нивните веб-страници  да објават листа од 21 документ од јавен карактер не е испочитувана целосно во сите министерства. Иако, во оваа насока има напредок во споредба со проверката којашто „Вистиномер“ ја направи на 29.11.2017 г., сепак, до моментот кога е пишуван овој текст (22.12.2017), дел од министерствата на своите интернет страници го немаа објавено целиот сет од 21 документ во формата утврдена од МИОА, па ветувањето повторно ја добива оценката делумно исполнето.

 

ШТО ПОКАЖУВА ПОСЛЕДНАТА ПРОВЕРКА НА ВЕБ-СТРАНИЦИТЕ НА МИНИСТЕРСТВАТА

Оваа втора проверка на веб-сајтовите на  сите 15 министерства покажа дека иако, во однос на претходниот пат, сега е зголемен бројот на  министерствата кои ја објавиле целата листа на документи, сепак, тоа не го сториле сите министерства. Освен на веб-страницата на Министерството за информатичко општетство и администрација (МИОА), што е логично со оглед на фактот дека тие се иницијатори на проектот, целата „листа на информации од јавен карактер“ може да се најде на сајтовите на министерствата за земјоделие, шумарство и водостопанство, транспорт и врски и економија, а своевидна скратена листа има објавено и Министерството за локална самоуправа.

На сајтовите на останатите министерства документите од јавен карактер не се објавени систематизирано, туку најчесто ги има поединечно или групирани по неколку. Исто така, тие веднаш не паѓаат в очи, туку треба да се пребарува по веб-страниците. Така што, некои документи можеби ги има, но не се забележливи – ставени на видно место, па ние не успеавме да ги најдеме.

 

МИНИСТЕРСТВО ЗА ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕТСТВО И АДМИНИСТРАЦИЈА

На главното мени на веб-страницата на МИОА, во рубриката „Односи со јавност“, има подрубрика „Информации од јавен карактер“, која води до  Листа на информации од јавен карактер .

 

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО

На главното мени на интернет – страницата на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство , постои копче „јавно достапни информации“ кое води до  листата информации од јавен карактер каде е објавен целиот сет од 21 документ.

 

МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ

На насловната страница на Министерството за транспорт и врски, на видно место, горе лево во полето „издвоени проекти“ може да се отвори листа на документи достапни за јавноста, каде ги има сите информации и линкови, освен овластеното лице за заштитено внатрешно пријавување, за кое е наведено дека „не постои“.

 

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА

На насловната интернет страница на Министерството за економија на десниот дел (под календарот за настани) има означено поле „информации од јавен карактер“, каде има линкови до целиот список од 21 документ.

 

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА

На веб-страницата на Министерството за локална самоуправа преку рубриката „Информации“ и подрубриката „Слободен пристап до информации од јавен карактер“ се стигнува до  листата од 21 документ. Повеќето од документите се објавени и линкувани, но за некои  е наведено следново: 

  1. Правилник за заштитено внатрешно пријавување – Во фаза на подготовка

  2. Контакт од лице овластено за заштитено внатрешно пријавување – Ќе биде определено по донесувањето на правилникот

  3. Листа на активни регистри што ги водат министерствата, во зависност од надлежноста – Регистарот на грбови и знамиња на општините не е во електронска форма. (Ќе се адаптира)

  4. Обрасци што ги користат граѓаните при доставување на поднесоци до министерствата за остварување на нивните права, а особено обрасци на барања од граѓаните за издавање на реални акти, за оние министерства коишто ги издаваат –  Министерството за локална самоуправа не обезбедува директни услуги за граѓаните.

  5. Тарифници за надоместоци за издавање на реални акти – Министерството за локална самоуправа не обезбедува директни услуги за граѓаните.

 

МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ

На веб-страницата на Министерството за финансии  не забележавме посебно поле преку кое може да се дојде до целата „листа на  документи од јавен карактер“ објавена на МИОА. Во ова министерство споменатите информации се расрфлани низ целиот сајт и до документите се доаѓа со пребарување преку рубриките: „Транспарентност и отчетност“, „Министерство“, „Закони“ , како и со полињата „Односи со јавност“, „Вработувања“  и „Контакт“

 

МИНИСТЕРСТВО ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ

Од листата со 21 документ од јавен карактер на веб-сајтот на Министерството за надворешни работи,  не можевме да го најдеме: списокот на лица вработени во институцијата со позиција, службен е-маил и службен телефон. Документи кои ги има не се на едно место и на насловната страница, туку треба да се пребаруваат по сајтот: преку рубриките „медиа центар“ може да се дојде до полето „слободен пристап до информации“, „документи“ (подрубриките „Стратешки план, буџет и набавки“ и „„закони“Министерство  „Контакт инфо“ ).

 

МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА

И на насловната интернет страница на Министертвото за труд и социјална политика нема означено место каде може да се најде „Листата на информации од јавен карактер“ направена според препораките на МИОА. Докуметните наведени во овој список се расфрлани во различни полиња/рубрики на интернет страницата на министерството: рубриките „Односи со јавност“и ,„Регулатива“,  подрубриките „Слободен пристап до информации“, „Закони“, копчето „Контакти“ и  полињата „Најава за медиумски активности“ и „Регистри“.

На веб-страницата на МТСП не  ги најдовме ревизорските извештаи.

 

МИНИСТЕСТВО ЗА ПРАВДА

На главната веб-страница на Министреството за правда,  нема посебно место наменето за целиот „ сет  документи од јавен карактер“, иако со пребарување на рубриките на насловната страница: „Министерство“, „Ресурси“, „Регулатива“, „Регистри“,  „Односи со јавност“ и „Контакт“, може да се најдат повеќето од документите наведени во овој список.

На интернет-страницата на министерството сега има и дел од документите кои не ги најдовме при проверката пред еден месец. Преку рубриката „Регулатива“ и секцијата „Заштита на укажувачи“, се доаѓа до Правилникот за заштитено внатрешно пријавување; (објавен на 30.11.2017) и до „Контакт од лице овластено за заштитено внатрешно пријавување“. (објавен на 01.12.2017). Рубриката „Ресурси“ води до страницата „Финансии“ на 04.12.2017 се објавени извештаи за реализација на буџетот; Во рубриката „Министерство“ го најдовме и „Списокот на лица вработени во институцијата со позиција, службен имејл и службен телефон“.

И при оваа проверка не  успеавме да најдеме:

 

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА

Како што веќе објавивме, на сајтот на Министерството за одбрана, на насловната страница има поле „Јавноста има право да знае“, но тоа не води до целата листа на документи, туку до список од неколку „стратешки документи и сите останати информации од Министерството за одбрана кои се од интерес за јавноста“. Другите документи треба да се бараат во секцијата „Министерство“, „легислатива“ и преку копчињата „контакт“ и „инфо“, лоцирани горе во десниот агол.

И овојпат не ги  пронајдовме:

  • Правилникот за заштитено внатрешно пријавување
  • Контакт од лице овластено за заштитено внатрешно пријавување
  • Име и презиме на офицерот за заштита на лични податоци, позиција во институцијата, службен  имејл и службен телефон.

 

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО

На веб-страницата на Министерството за здравство, преку полето „документи“ на главното мени, може да се најде „листата на информации од јавен карактер“ има дури и шематски приказ, но и при оваа проверка (22.12.2017) не функционираат сите полиња и не може да се добијат: листа на информации од јавен карактер; листа на активни регистри што ги води министерството.

Исто така, во овој шематски приказ нема:

  • Правилник за заштитено внатрешно пријавување;
  • Контакт од лице овластено за заштитено внатрешно пријавување
  • Име и презиме на офицерот за заштита на лични податоци, позиција во институцијата, службен имејл и службен телефон.

 

МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ

На веб-страницата на Министерството за внатрешни работи има „копче“ резервирано за „Слободен пристап до информации“, но таму го нема целиот список од документи, туку тие треба да се бараат во повеќе секции на главното мени. И овој пат не можевме да  најдеме:

  • Буџет
  • Ревизорски извештаи,
  • Регистри,
  • Правилникот за заштитено внатрешно пријавување.

 

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ

На веб-страницата на Министерството за образование и наука не може да се најде целата „Листа на информации од јавен карактер“ направена според препораките на МИОА. Документи треба да се пребаруваат по различни  места/рубрики: „Министерство“, „Односи со јавност“, „Документи“ и „Прописи“, а најдолу на главната страница на МОН е посочен контакт-телефон и и-мејл на министерството за генерални од прашања.

Преку рубриката „Министерство“ и подрубриката „Организација и систематизација на МОН“ овојпат го најдовме „Списокот со контакти на лица вработени во Министерство за образование и наука“, а со пребарување на рубриката „Односи со јавност“ и подрубриката „Слободен пристап до информации“ се добиваат :

  • Листа на информации од јавен карактер;
  • Контакт од лице задолжено за информации од јавен карактер;
  • Обрасци што ги користат граѓаните при доставување на поднесоци до министерствата за остварување на нивните права;
  • Листа на активни регистри што ги води министерството; – има сега

Полето „Документи“ освен  до „Стратешки план на Министерството за образование и наука 2017-2019“, сега води и до:

  • Буџетот,
  • Усвоени извештаи за реализација на буџетот,
  • Ревизорските извешати,
  • Планот за јавни набавки,

Преку рубриката „Прописи“ сега се доаѓа до „Правилникот за заштитено внатрешно пријавување“, (објавен на 15 декември 2017).

На сајтот на МОН и овојпат не успеавме да ги најдеме следниве документи:

  • Контакт од лице овластено за заштитено внатрешно пријавување;
  • Име и презиме на офицерот за заштита на лични податоци, позиција во институцијата, службен имејл и службен телефон;
  • Најава на месечни настани или онлајн-календар.

 

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ

На насловната страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање, рубриката „Сервиси“ води до подрубриката „Слободен пристап до информации“ каде има  контакт од лицето задолжено за информации од јавен карактер и „Листа на информации од јавен карактер“, ако се кликне на точката „Слободен пристап до информации од јавен карактер“ се отвора страницата „Јавно достапни документи на МЖСПП“ од каде освен Стратешкиот план се добиват:

  • Стратешки планови на МЖСПП
  • Буџетот;
  • Усвоени извештаи за реализација на буџетот;
  • Ревизорски извештаи;
  • План за јавни набавки;
  • Правилник за внатрешна организација;
  • Органограм за внатрешна организација;
  • Правилник за систематизација на работните места;

Некои документите – информациите се  добиваат преку рубриките„Министерство“, „Регулатива“ и „Документи“, како и од копчето „Контакт“.

Сепак, и при оваа проверка не најдовме:

  • Список на лица вработени во институцијата со позиција, службен имејл и службен телефон;
  • Правилник за заштитено внатрешно пријавување;
  • Контакт од лице овластено за заштитено внатрешно пријавување;
  • Име и презиме на офицерот за заштита на лични податоци, позиција во институцијата, службен имејл и службен телефон

 

МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА

На веб-страницата на Министерството за култура и при ова проверка не забележавме посебно поле од кое може да се дојде до „Листата на информации од јавен карактер“ направена според препораките на МИОА.

Со пребарување по сајтот на ова Министерство се добиваат само неколку документи кои ги најдовме и при претходната проверка. И овојпат не можевме да најдеме:

  1. Стратешки план;
  2. Буџет;
  3. Усвоени извештаи за реализација на буџетот;
  4. Ревизорски извештаи;
  5. План за јавни набавки;
  6. Правилник за внатрешна организација;
  7. Тарифници за надоместоци за издавање реални акти;
  8. Листа на информации од јавен карактер;
  9. Правилник за заштитено внатрешно пријавување;
  10. Контакт од лице овластено за заштитено внатрешно пријавување;
  11. Име и презиме на офицерот за заштита на лични податоци, позиција во институцијата, службен имејл и службен телефон;
  12. Листа на активни регистри што ги води министерството;
  13. Најава на месечни настани или онлајн-календар

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција