СЈО отвори случај „Таргет“ – Десетмина вработени во УБК „со големи уши“

Ќе се ловат извршителите, рече Фетаи. Фото: Скриншот

Во периодот од 2008 до 2015 година незаконски била следена комуникацијата на најмалку 4.286 телефонски броеви, односно тие биле прислушувани без издадена судска наредба. Исто така, биле следени и најмалку 1.541 телефонски број пред да биде издадена судска наредба. односно вкупно 5.827 телефонски броеви, појасни Фетаи.

Во периодот од 2008 до 2015 година незаконски била следена комуникацијата на најмалку 4.286 телефонски броеви, односно тие биле прислушувани без издадена судска наредба. Исто така, биле следени и најмалку 1.541 телефонски број пред да биде издадена судска наредба. односно вкупно 5.827 телефонски броеви, појасни Фетаи.

 

Во периодот од 2008 година до 2015 година 10 лица од Управата за безбедност и контраразузнавање, вработени на различни работни места, како соизврштели сториле кривично дело злоупотреба на службената положба, односно со средствата на УБК противзаконски ги повредиле граѓанските права на граѓаните вршејќи незаконско прислушување, кажа специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи на денешната прес-конференција на која беше презентиран новиот случај што го почнува Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО).

Таа нагласи дека во периодот од 2008 до 2015 година незаконски била следена комуникацијата на најмалку 4.286 телефонски броеви, односно тие биле прислушувани без издадена судска наредба. Исто така, биле следени и најмалку 1.541 телефонски број пред да биде издадена судска наредба. односно вкупно 5.827 телефонски броеви, појасни Фетаи.

Инаку, во 27-та „бомба“ можевме да слушнеме директно од устата на тогашната министерка за внатрешни работи дека Гордана Јанкулоска дека УБК може да пронајде кој и да било телефонски број.

 

ГЈ: Да. Ало?
ИК: Ееј, ги гледам нашиве на Канал 5, алфите како ги снимале. Мислам, Канал 5 како ги снимале алфите. Еклсузивно видео од апсењето на Љубе.
ГЈ: Не сум гледала.
ИК: Јако е. Него, сакав да прашам нешто сеа. Мене ме замоли Васе, овој Доневски, нејќе да досаѓа, а не е ништо посебно. Него, не знам, нашиве проверуваат ли она да лоцираат телефони, имаат таква можност? Имаат ваљда.
ГЈ: Техничка мислиш, или што е работата?
ИК: Па ваљда преку Мобимак. А бе, не му се досаѓа на него, пошто за телефонот од ќерка му…
ГЈ: Што е работата Иво, кажи ми пократко.
ИК: Му украле на ќерка му ајфон, па затоа…
ГЈ: Нека пријави, ќе го лоцираме.
ИК: Не, он пријавил, него ми пушташе и број дал може да го лоцираме.
ГЈ: Може да го лоцираме, ќе го лоцираме.
ИК: На кого да му го препратам?
ГЈ: Ако е уклучен. На Горан јави му се од УБК.
ИК: Готово. Ајде, чао.
ГЈ: Ајде, ајде, чао.

Во 15-тата бомба, пак, слушнавме за набавката на опрема за УБК од Израел, за што провизија еднаш од 540.000 евра, вторпат од 840.000 евра, ќе земе тогашниот директор Сашо Мијалков, како што рече Заев на прес-конференција на која ги презентираше снимките.

СМ: Значи ќе им кажеш: додека не ги добиеме последните пари, тоа се пола милион, да не пуштаат. Следното пуштање нека биде одеднашка, како што рековме, така?
СК: Да. На три пати рекоа и Вие рековте така и јас…
СМ: Три пати, по колку беше?
СК: По 900, некаде 1000 излегува.
СМ: Три пати по 900 и нешто, така?
СК: Да, така. И така му е кажано, и они се јавуваат секојдневно за да биде тоа…
СМ: Ништо нека не пуштаат ништо додека не ги добиеме овие пари.
СК: Да. Со тоа што јас на Влатко му реков во моментот кога ќе биде готово се да ми каже, за да знам јас на време.
СМ: Ама нема Влатко. Влатко само чека пари и он треба да ги префрли…
СК: Не, не Влатко да ми каже дека парите стигнале до него.
СМ: Према добављачот.
СК: Да.

Обвинителката Ленче Ристоска на денешната прес-конференција на која беше објавено почнувањето на случајот „Таргет“ објасни дека меѓу следените биле и министри и функционери од владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Телефонот на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска бил незаконски прислушуван повеќе од 700 денови, додека трите телефонски броеви на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, биле прислушувани над 800 денови, телефонот на Али Ахмети повеќе од 1.000 денови а тој на Мендух Тачи над 1.200 денови.
Телефонот на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски не бил следен, беше кажано на прес-конференцијата во СЈО.

Прислушувани биле и телефони на бизнисмени, на пример Хари Костов бил незаконски следен најмалку 732 дена. Новинарите Борјан Јовановски, Мери Јордановска и Горан Михајловски биле незаконски прислушувани со години и тие најавиле дека ќе поднесат барање за оштета.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција