Со изборот на Џафери за собраниски спикер исполнето едно од главните ветувања на ДУИ

bdi-large

 

Ветување: Една од трите клучни политички функции во државата: Претседател, премиер или претседател на Собранието.

[Извор: Алсат-М , датум: 03.12.2016]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Во политичкиот дискурс на ДУИ, речиси во секој изборен циклус,  беше потенцирано ветувањето за  избор на Албанец на една од клучните позиции во државата. Со изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието на Македонија на 27.04.2017 година, ова ветување на ДУИ го сметаме за исполнето.

Ова ветување на ДУИ, беше споменато во 2011 година, кога беа побарани законски измени за начинот на избор на претседател на државата, со цел тој да се избира  во Собранието. Споменатиот предлог доби  најголема гласност за време на претседателските избори 2014, кoга беше промовирана идејата за избор на консензуален претседател и избор на Албанец за Претседател на државата, а откако тоа не се случи ДУИ не ги призна  претседателските избори. Во тој контекст, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на 29.03.2014 изјави:

Албанците ќе заземат одговорност да владеат со државата, било тоа преку Претседателот, премиерот или Претседателот на Собранието, ова не треба да заплаши никого, туку да ги охрабри да не страдаат од комплексот дека ќе ни избега државата од рака.

Ова ветување на ДУИ беше спомененувано и во предизборната кампања за последните парламентарни избори кои произлегоа од големата политичка криза, но не премногу нагласено бидејќи  ДУИ имаше и повнимателена реторика и  помалку „бомбастични” изјави. Но, затоа идејата за избор на претседателот на Собранието од редовите на ДУИ, беше погласна после објавувањето на изборните резултати и при правењето на коалициски договор со сегашните владини партнери – СДСМ. Тогаш од ДУИ беше истакната идејата за избор на нивни кадар за претседател на Собранието, а за оваа функција уште веднаш беше посочен Талат Џафери. Со изборот на Џафери на челната позиција во парламентот се исполни и едно од главните долгогодишни ветувања на ДУИ.

Да потсетиме дека до неговиот избор дојде непосредно пред крвавите настани на 27.04.2017 година, а тој беше избран во една исклучително тензична и наелектризирана атмосфера во пленарната собраниска сала, а набрзо потоа се случи крвавиот инцидент во Собранието.

Неговиот избор како претседател на Собранието, беше поздравен од меѓународниот фактор, а по еден месец  (31.05.2017) беше избрана и  новата Влада предводена од СДСМ и ДУИ, со што  и конечно се стави крај на долгата политичката криза во Република Македонија.

Имајќи ги  предвид сите овие информации,  ветувањето  на ДУИ за „избор на Албанец, на една од трите најважни државни функции”,  го оценуваме како исполнето.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Дрилон Салиу

 


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *