Софија Лаличиќ

 

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Родена е 1984 година.

 

КАРИЕРА

Софија Лаличиќ е судија кривичар во Основен суд Скопје 1. Таа е најмладиот назначен судија во историјата на правосудството на Македонија.

Во двете години поминати во судот пред да ја изберат за судијка, беше портпарол во канцеларијата за односи со јавност кога претседaтел е Лидија Неделкова.

Беше избрана веднаш штом го исполни минималниот законски услов да има три години работно искуство по полагањето на правосудниот испит.

Лаличиќ, сега суди кривични предмети во Кривичниот Суд Скопје 1.

 

Бомбите

Од прислушкуваните разговори јавноста го запозна името на Софија Лаличиќ. Од нив слушаме дека таа нејзините приватни врски со високи државни функционери ги користи за напредување во кариерата, за да си издејствува избор за судија.

Индициите во нејзиниот случај посочуваат на грубо мешање во работата и кадровските решенија на судската власт од страна на државни и партиски моќници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

СЈО нема покренато обвинение против судијата Софија Лаличиќ.

 

ИЗВОРИ

Нова ТВ: НОВА открива: Кои се судијките од последната бомба?

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.

Оставете реакција