Спортската сала во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром е реконструирана

vmro-dpmne-logo

Проект: Реконструкција на спортската сала во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“

 Опис на проектот: Реконструкцијата ќе опфати замена на под, дрвена сто- ларија, спортски реквизити, реконструкција на електрична инсталација и реконструкција на гардероби и санитарни јазли во склоп на салата. (Средства: 2.000.000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината Рок: септември 2013 година)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски во изборната програма со која излезе  за локалните избори во 2013 година, вети: „Реконструкција на спортската сала во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“. Ова негово изборно ветување дадено во споменатата изборна програма насловена: „ Нови дела за нов напредок, нови дела за подобар Аеродром!“  во делот  „Образование и наука“ (стр.22) е исполнето.

Со пребарување по интернет  може да се најдат информации кои говоррат дека реновирањето на училишните фискултурни сали  во Општина  Аеродром („Димитар Македонски“, „Лазо Ангеловски“, „Ѓорѓија Пулевски“, „Љубен Лапе“, „Браќа Миладиновци“ и „Блаже Конески“) почна пролета  2013 година. По тој повод градоначалникот Коневски, во изјава за медиумите соопшти дека:

Ќе се изврши реконструкција на спортските сали, соблекувалните и просториите за реквизити, ќе се реконструираат покривите на спортските сали во некои училишта, ќе се промени внатрешната столарија, ќе се реновираат санитарните јазли, ќе се постават заштитни решетки на прозорците и вратите, а ќе се заменат и подовите и плочките во соблекувалните и ходниците. Ќе се молерисуваат ѕидовите и плафоните, а ќе се реконструира и водоводната, канализациската и електричната инсталација. Реконструкцијата на учлишните сали ќе чини околу 30 милиони денари. Парите се обезбедени од буџетот на општината. (Коневски)

Во август 2013 година  медиумите информираа дека реконструкцијата на салите во споменатите училишта е  во завршна фаза.

Од Општина Аеродром за „Вистиномер“  велат дека: фискултурната сала во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ е рановирана на крајот на август 2013 година, како дел од проектот за реконструкца  на фискултурните сали во основните училишта во Аеродром .

Истата информација може да се прочита и во општинскиот весник  бр.54 (стр.7) и на  на веб – страницата на Општина Аеродром каде е објавено дека на 26 август 2013 година  биле  пуштени во употреба реконструираните спортски сали во основните училишта во Општината.

 

Фото: Принтскрин Весник на Општина Аеродром бр.54 (стр.7)
Фото: Принтскрин Весник на Општина Аеродром бр.54 (стр.7)

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Оливера Војновска

 


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *