Спортската сала во училиштето во с. Балиндол, гостиварско, не е изградена

bdi-large

 

Ветување: Изградба на спортска сала во с. Балиндол, гостиварско. (Рок – до крај на мандатот, т.е. до мај 2017)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Кандидатот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) за градоначалник на општина Гостивар, Невзат Бејта, во текот на предизборната кампања за локалните избори во 2013 година, одржа митинг во село Балиндол, Гостивар, каде што пред жителите на ова село имаше ветено дека за време на четиригодишниот мандат ќе се реализираат неколку важни проекти за ова село. Меѓу нив, беше и изградба на спортска сала. Досега (проверено на почетокот на април 2017), ова ветување не е исполнето. 

Младите од Балиндол имаат потреба од спортска сала. Ние имаме три можности да ја направиме таа сала. Првата можност е да ја изградиме со средствата што граѓаните ги плаќаат во општинскиот буџет. Втората, со проектот со кој што ќе конкурираме во Министерството за образование и третата – имаме можност да обезбедиме средства од разните меѓународни организации кои што финансираат објекти од интерес за граѓаните на РМ. (Извор: Јутјуб канал на Невзат Бејта, 18.03.2013)

Невзат Бејта ја доби довербата на граѓаните и на 13.04.2013 и официјално стана градоначалник на општина Гостивар. (Извор: Илпрес, 13.04.2013)

Спортската сала во село Балиндол, Гостивар не беше изградена. Она што го стори општината во врска со спортските активности на учениците беше поставување на ограда на надворешниот спортски терен на училиштето, на 11.07.2016. Тој ден, градоначалникот на општина Гостивар, придружен од шефот на неговиот кабинет, Башким Хасани, заедно со директорот, наставниците и локалните жители, ги промовираа завршените работи.

„Самоиницијативно, раководството на училиштето, општинскиот советник од ова село, жителите и наставниците го средиле дворот, така што училиштето е комплетирано од секој аспект. Се направи оградата на училиштето, а сега и оградата на спортскиот терен, кој што ќе им служи на учениците за физичките активности од предметот по физичко образование“. (Извор: Aктуале, 11.07.2016)

Од официјалниот сајт на Општина Гостивар може да се види дека општината за оградата вложила 510 илјади денари.

Според приложената аргуменатиција може да се констатира дека ветување на Невзат Бејта за изградба на спортска сала не е исполнето.

ИЗВОРИ:

Оцени: Рабије Абази


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *