Старите играчки во градинките во Карпош заменети со еко-играчки

Градинките во Карпош пред новогодишните празници добија играчки од еколошки материјали Фото: Општина Карпош

 

Во пресрет на Нова година, во сите градинки во Карпош, ќе се заменат дотраените играчки со нови, од еко материјали.  

(Извор: Стефан Богоев, градоначалник на Карпош, Датум: 06.12.2017 г. )

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето дека  старите и дотраени играчки и реквизити во градинките на територијата на Општина Карпош, ќе се заменат со нови, изработени од еко-материјали, е исполнето ветување на градоначалникот Стефан Богоев.

Ова ветување тој го даде во пресрет на новогодишните празници. Имено, дневниот весник „Слободен печат“ ја објави оваа информација на 06.12.2017 година.

Поради слабата финансиска моќ на општинскиот буџет, во Општина Карпош нема да се организира новогодишна забава за карпошани, но како што велат, акцент ќе стават на организирање на предновогодишни и новогодишни забави за најмладите, кои ќе бидат од културно-едукативен карактер. Акцент, според општинарите, ќе биде ставен на изненадувањата за најмладите, па поради тоа, предвидено е во пресрет на Нова година во сите градинки да ги заменат старите и дотраени играчки и реквизити, со нови, изработени од еко-материјали.

Градоначалникот Богоев истото го повтори на 13.12.2017 година на својот Твитер – профил.

Оваа година – подомаќински пристап за новогодишното украсување на #Карпош. Ќе се потрошат 2 мил.денари, додека лани биле потрошени околу 7,5 мил.денари. Ќе има настани за најмладите, а во сите градинки ќе се заменат дотраените играчки со нови, од еко материјали.

Играчките, како што информираа од Општината на нивната официјална веб – страница, беа заменети на 28.12.2017 година.

Во новогодишно расположение и топла атмсофера, во градинката „Пролет”, во Козле за сите градинки во Општина Карпош празнично им беа доделени еко-играчки. На овој начин, старите и пластични играчки се заменуваат со играчки изработени од еколошки материјали, со цел да се обезбеди поголема безбедност на најмладите карпошани за време на играта и едукацијата, како и за заштита на животната средина.

Веста истиот ден беше пренесена и на официјалната фејсбук – страница на Оптшина Карпош.

Информација за тоа дека се заменети старите играчки во градинките во Карпош, објави и порталот Скопјеинфо  на 02.01.2018 година:

За сите градинки во Општина Карпош празнично им беа доделени еко-играчки. На овој начин, старите и пластични играчки се заменуваат со играчки изработени од еколошки материјали, со цел да се обезбеди поголема безбедност на најмладите карпошани за време на играта и едукацијата, како и за заштита на животната средина.

Имајќи го предвид сето ова, може да се заклучи дека ветувањето на градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, дека старите играчки во градинките ќе бидат заменети со нови, изработени од еколошки материјали, е исполнето ветување.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Ана Анастасовска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција