„Табла“ – Осомничен директорот на ОУ „Реџо Ружит Зајази“
Од доказите произлегува основано сомнение дека осомничениот на 28.06.2006 година во Кичево, како службено лице – Директор на наведеното училиште ја искористил својата службена положба и овластување и oвозможил имотна корист за едно правно лице
Од доказите произлегува основано сомнение дека осомничениот на 28.06.2006 година во Кичево, како службено лице – Директор на наведеното училиште ја искористил својата службена положба и овластување и oвозможил имотна корист за едно правно лице
На 23.03.2017 година Специјaлното јавно обвинителство (СЈО) на прес-конференција соопшти дека е отворена нова истрага со кодно име „Табла“ во која за злоупотреба на службена должност и овластувања е осомничен директорот на основното училиште „Реџо Ружит Зајази“ од село Зајас во 2006 година.
Обвинителската Фатиме Фетаи соопшти дека оваа истрага се однесува
на кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 в.в. став 1 од Кривичниот законик, а постои основано сомнение дека е извршено од страна на Директор на Централно основно училиште „Реџо Рушит Зајази“ с. Зајас, Општина Зајас.
Имено, од доказите произлегува основано сомнение дека осомничениот на 28.06.2006 година во Кичево, како службено лице – Директор на наведеното училиште ја искористил својата службена положба и овластување и oвозможил имотна корист за едно правно лице.
Постои основано сомнение дека без да се спроведе постапка за јавна набавка и спротивно на задолженијата дадени со решението од Министерство за образование и наука на РМ, осомничениот со намера правното лице БАУПРОФ ДООЕЛ Кичево да се стекне со имотна корист, склучил Договор за градење на нов училишен објект во с. Горно Строгомиште, Општина Кичево, за износ од 12.346.394 денари или 200.000 евра.
Целата прес-конференција можете да ја видите тука, а извештаите на медиумите поврзани за овој настан можете да ги прочитате на овој линк.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар