Таравари нема право на изјави „не знаев…“

Арбен Таравари не знаел, а морал да знае. Фото: МЕТА

Медиумите и во моментот кога ја слушнаа одлуката да се кандидира за градоначалник на Гостивар, а до завршувањето на изборите да остане и на функцијата министер, оценија дека станува збор за недоследност и за судир на интереси. Сега, откако беше откриен списокот на советници каде што од 21 лице се наоѓа и неговото име како советник сам на себе за областа неврологија, сосема е јасно дека станува збор за чист судир на интереси кој може да се опише и како злоупотреба на службеното овластување, бидејќи советниците за својот екстра ангажман требало да земаат по 12 илјади денари месечно, односно околу 200 евра

 

 

Министерот за здравство, Арбен Таравари, откако во јавноста беше откриена неговата советничка листа, ја даде следната изјава на социјалните мрежи и во медиумите, која ја оценуваме како недоследна:

Изјава: Јас сега дознав дека сум во таа комисија и веднаш побарав да бидам одземен. Само за информација немам добиено ниту еден денар надомест.

[Извор: НОВАТВ-Таравари се повлекува од листата на советници на министерот, датум: 29.09.2017]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Министерот за здравство кој рече дека нема да биде кандидат за градоначалник па стана, а сега вели дека не ја видел листата, а ја потпишал или му го злоупотребиле потписот, како што се коментирало во Министерството, според веб порталот Нова, едноставно нема право на изјава од типот „Јас сега дознав…“.

Станува збор за изјава која упатува на можен заклучок дека чувството на одговорност кај министерот за управување со институцијата е дискутабилно или во најмала рака доведено под прашање. Министерот Арбен Таравари од моментот кога стапи на функцијата повеќе пати во изјави за јавноста ја истакнуваше одговорноста, како една од главните карактеристики со водењето на ресорот и трошењето на јавните пари.

Медиумите и во моментот кога ја слушнаа одлуката да се кандидира за градоначалник на Гостивар, а до завршувањето на изборите да остане и на функцијата министер, оценија дека станува збор за недоследност и за судир на интереси. Сега, откако беше откриен списокот на советници каде што од 21 лице се наоѓа и неговото име како советник сам на себе за областа неврологија, сосема е јасно дека станува збор за чист судир на интереси кој може да се опише и како злоупотреба на службеното овластување, бидејќи советниците за својот екстра ангажман требало да земаат по 12 илјади денари месечно, односно околу 200 евра.

Јавноста може и треба да му верува на збор на министерот дека досега, откако е назначена комисијата не му би исплатен ниту еден денар, но тоа не мора да значи дека тоа немало да се случи ако решението не беше обелоденета во јавноста.

Освен тоа, решението за назначување на членови на Комисијата на национални советници има не еден, туку три потписи. Од министерот, од шефот на неговиот кабинет и од државниот секретар.

Нема објаснување како тоа министерот не го видел решението што го потпишува, нема објаснување како тој лично се нашол на листата, ниту има појаснување зошто и како  се случило доктор-кардиолог кој живее и работи во Швајцарија, без да биде прашан да биде ставен на листата на советници и за тоа да дознае од медиумите.

Поради погоре посечените аргументи, изјавата на Таравари дека не знаел оти е на листата и веднаш побарал да биде иземен, ја оценуваме како недоследна во однос на сè останато што досега за себе и својата работа како министер го изјавувал доктор Таравари.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Тео Блажевски

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција