„Тендери“ – Истрага за анексите за доградба на Музејот на ВМРО

„Тендери“

Првоосмничената за злоупотреба – раководно лице во Министерство за култура му овозможила на АДГ Бетон од Штип повластена улога на пазарот и заобиколувајќи ги прописите за јавни набавки, изведувале дополнителни работи на објектот за околу еден милион евра

 

Првоосмничената за злоупотреба – раководно лице во Министерство за култура, му овозможила на АДГ „Бетон Штип“ од Штип повластена улога на пазарот и заобиколувајќи ги прописите за јавни набавки, изведувале дополнителни работи на објектот за околу еден милион евра

 

20.10.2016 – Станува збор за доизведба на некои работи на објектот Музеј на македонската борба, попознат како Музеј на ВМРО, во 2011 година.

Според предистражните дејства на СЈО произлегува дека во договор помеѓу раководното лице во Министерството за култура и директорот на АДГ „Бетон“ од Штип, биле изиграни прописите за спроведување на јавна набавка, на тој начин што првоосомничената му рекла да почне со работите, а јавната набавка е склучена отпосле.

Обвинителкaта Фатиме Фетаи, меѓу другото, ги наведе и следните обазложенија за отворањето на истрагата од страна на СЈО:

Како што наведов, на 18.07.2011 година ГТД „Бетон Штип“ АД доставил понуда во постапката за јавната набавка, и иако сите осомничени знаеле дека компанијата веќе ги изведува работите на објектот од огласот за доделување на јавна набавка, сепак, второ, трето и четврто осомничените како Комисија за јавни набавки составиле извештај од спроведената постапка од 19.07.2011 година дека најповолен понудувач е ГТД „Бетон Штип“ АД, па на 26.07.2011 година од страна на првоосомничената е донесено решение за избор на најповолна понуда.

Потоа, на 05.08.2011 г. е склучен договорот за јавна набавка за изведување, на како што напомнав, веќе изведени работи. Договорот е склучен помеѓу М.К., застапувано од првоосомничената и ГТД „Бетон Штип“ АД, застапувано од сведокот – Генерален директор, со вредност од 62.480.543 денари (околу 1 милион евра).

Врз основа на договорот од М.К. на ГТД „Бетон Штип“ АД заклучно со 31.12.2013 му било исплатено износ од 54.501.336 денари.

Деталите од презентацијата на Фетаи можете да ги најдете тука.

Презентацијата во дел од медиумите од овој прес можете да ги видите тука.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција