„Титаник“ – прва истрага на СЈО

„Титаник“

Повеќе лица од различни институции делувале здружено и организирано со цел да направат изборни измами во 2013 година, се сомневa СЈО во првата истрага „Титаник“, која сè уште е отворена и актуелна

 

 

Повеќе лица од различни институции делувале здружено и организирано со цел да направат изборни измами во 2013 година, се сомневa СЈО во првата истрага „Титаник“, која сè уште е отворена и актуелна

12.02.2016  –  Станува збор за прва истражна постапка на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) насочена кон утврдување на основите на сомневање за дела сторени против изборите и гласањето или како што рече во презентацијата обвинителката Фатиме Фетаи, „освојување на власт преку целокупно криминализирање на изборниот процес“.

„Во овој предмет после огромен број на предистражни дејствија, врз основа на огромен број на индиции и се разбира докази, произлезе основано сомнение дека одредена група на луѓе, на кои нема да ги откријам идентитетите, искористувајќи го своето реално влијание и службена положба, а заради понатамошно опстојување на власт на партијата, и на локално и на државно ниво и особено заради нивни непосредни привилегии од практикување на власта, создале група, која имала за цел вршење на кривични дела против изборите и гласањето или во превод преку целокупното криминализирање на изборниот процес, освојување на власт“.

Станува збор за сомневања за незаконски постапки во 2012 г. и 2013 г. на повеќе лица од МВР и други институции, како на пример судии од Управниот суд, кои овозможиле сторување на повеќе казниви дела, поврзани со локалните избори во 2013 г.

Патем, во февруари годинава СЈО ја прошири истрагата со што опфати 17 нови лица, високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, кои ги сомничи за казниви дела против изборите и гласањето

Сите детали за овој прв случај на СЈО можете да ги прочитате тука

Реакциите на медиумите и како пренесоа можете да ги видите тука

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција