Трајановски: Како е донесен ГУП-от од 2012 година

Коце Трајановски, градоначалник на Град Скопје. Фото: skopje.gov.mk

 

По обелоденувањето на аферата од страна на СДСМ, според кои премиерот Никола Груевски купил земјиште на Водно, затскривајќи се зад фирми регистрирани во офшор-земји, а за тоа се променети и Деталниот урбанистички план (ДУП) на Општина Центар и Генералниот урбанистички план (ГУП) на Град Скопје, градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски во изјава проба да го одбрани стореното.

Коце Трајановски, градоначалник на Град Скопје. Фото: skopje.gov.mk
Коце Трајановски, градоначалник на Град Скопје. Фото: skopje.gov.mk

Еве ја целата изјава:

Прво би сакал да кажам дека се неточни искажувањата кои се дадени. Градот на еден крајно транспарентен начин го донесе Генералниот урбанистички план. Претходниот беше донесен во 2002 година, овој е 2012 година. ГУП-от е донесен во соработка со сите десет општини во Градот Скопје, во соработка со невладини организации, со стручни и научни институции, така да имаше една огромна транспарентност во донесувањето на тој план – изјави градоначалникот одговарајќи на новинарско прашање „како помогнал владините функционери од ВМРО-ДПМНЕ да се стекнат со посакуваните парцели на Водно?

[Извор: А1он.мк, Датум:17.03.2015]

 

Образложение:

Од оваа изјава се добива впечаток како донесувањето на Генералниот урбанистички план да поминало без проблеми и без поголеми противења, како и дека била остварена широка соработка и јавна расправа. Но, дали е тоа така? Најпрвин, сомневање предизвикува фактот што Трајановски не спомнува ниедна од тие „невладини организации“, како ни било какви „стручни и научни институции“, а не ни дава пример за наводната „огромна транспарентност во донесувањето на тој план“.

Она што може да се најде во медиумите, пак, во периодот на донесување на овој ГУП, покажува една сосема поинаква слика, односно сугерира редица противења и тоа токму од тие „стручни и научни институции“ за кои Трајановски говори дека со нивна соработка е донесен планот.

Веднаш откако бил донесен ГУП-от, на 06.09.2012 година, реагирале од Асоцијацијата на архитекти од каде побарале исто веднаш да се стопира неговата реализација.

Еве дел од текстот на Телма зачуван на интернет. Текстот го нема во архивата на телевизијата, но е зачуван на Дејли.мк. (Види Фото).

gup

Еве ја реакцијата и во текстуален формат:

Веднаш да се стопира донесувањето на новиот Генерален урбанистички план на Скопје, апелира Асоцијацијата на архитекти. Тие бараат да се одржи стручна расправа за квалитетно уредување на Градот. Динамиката на носењето е пребрза и се прерипнува неколку важни процедури. Даница Павловска, претседател на Асоцијацијата вели дека има два важни  факти поради кои не може да се донесе ГУП во овој момент – не е одржан попис на населението, но и не е направен Просторниот план за главниот град.

Пред, а и по носењето на ДУП-от реагирале и од СДСМ, преку советничката Софија Куновска.

А1он.мк пренесе дека СДСМ реагира на вчерашната (06.09.2012. н.з.) расправа на градоначалниците и експертите околу просторното планирање на Скопје Тоа велат е обид градоначалникот Коце Трајановски да се испере од одговорноста за кршењето на процедурите, во носењето на генералниот урбанистички план за Скопје.

Реагирале и експертите, спротивно на она што вели Трајановски дека сите се согласиле.

Во Дневник од 01.10. 2012 година за ГУП-от реагира и Алјоша Шопар од градскиот Сектор за планирање и уредување на просторот, кој објасни дека податоци користеле од Демографската студија изготвена од Институтот за социолошко и политичко-правни истражувања.

Реплицирале и од партијата ДОМ од каде, како што пренесува Дневник, прашале колку зелени површини се предвидени во новиот нацрт и реагирале за јужната обиколница на Водно за која истакнале дека е во опасност од подлабоко навлегување во заштитената зона на парк-шумата.

 

Линкови:

 

Оценил: Владо Ѓорчев

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција