Трет извештај на СЈО – 7 нови истраги, преслушани 45% од разговорите

СЈО во извештајниот период отворило нови 7 истраги и вкупно има 112 осомничени лица за 160 кривични дела

 

СЈО во извештајниот период отворило нови 7 истраги и вкупно има 112 осомничени лица за 160 кривични дела

 

15.09.2016 – Третиот Извештај на СЈО за работата од 15 септември 2016 до 15 март 2017 беше едноставно закачен на веб страницата на СЈО и за тоа беше известена јавноста.

Веројатно поучени од искуствата со првиот и со вториот редовен извештај, специјалната обвинителка Катица Јанева и нејзиниот тим, ниту сакаа, ниту имаа волја повторно да се прави театар во Собранието на РМ. Тие го испратиле Извештајот до Собранието и до Советот на јавни обвинители, а за пошироката јавност тој беше достапен на нивната веб страница.

Третиот извештај, според Јанева, се карактеризира по тоа што станува збор за извештаен период во кој за прв пат од формирањето институцијата работи со целосно исполнети логистички услови во нивен адаптиран објект и со целосна кадровска и техничка опременост.

Тоа веројатно ја забрзало работата, па затоа од СЈО наведуваат дека успеале целосно да обработат 45 отсто од прислушуваните материјали и други фајлови што им беа дадени на располагање од страна на тогаш опозициската СДСМ, но и дека успеале да извлечат од хард дисковите уште над 60 илјади други избришани фајлови.

СЈО во извештајниот период отворило нови 7 истраги и вкупно има 112 осомничени лица за 160 кривични дела.

Третиот извештај за работата на СЈО можете да го прочитате тука

Известувањата во дел од медиумите можете да ги најдете тука

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција