Три улици во Тетово со ЛЕД осветлување

Главните улици на Тетово со ЛЕД улично осветлување Фото: Фејсбук страница на градоначалничката Теута Арифи

Проектот на Општина Тетово за подобрување на градското осветлување во неколку од главните улици во општината е исполнето ветување на градоначалничката Теута Арифи

 

Проект: Систем за јавното осветулување на улиците со ефикасна енергија-ЛЕД

(Јавно осветлување на улиците)

Буџет: 18,5 милиони денари (40% од вкупните средства се обезбедени од словенечката влада)

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Проектот на Општина Тетово за подобрување на градското осветлување во неколку од главните улици во општината е исполнето ветување на градоначалничката Теута Арифи.

На 27.09.2017 медиумите известија дека:

Општина Тетово го започна поставувањето на 225 столбови за улично осветлување низ неколку улици во градот. Проектот има за цел да го модернизира уличното осветлување во градот и да ја намали потрошувачката на електрична енергија. Инвестицијата е во вредност од 18,5 милиони денари, а 40% од вкупните средства се обезбедени од словенечката влада. Проектот се наоѓа во завршна фаза од реализација, а поставените столбови наскоро ќе профункционираат со нови енергетски ефикасни светилки.

Во програмата на градоначалничката на Општина Тетово “За општината што ја сакаме“ (стр. 28, Јавно осветлување, за локалните избори 2017) за овој проект пишува:

Покрај континуираното одржување на постоечката мрежа за јавно осветлување, Општина Тетово, во соработка со Центарот за меѓународна соработка и развој на Република Словенија, во 2017 година го реализираше проектот за модернизација на системот за патно осветлување со енергетска ефикасност – ЛЕД светилки, на следните улици:

  • “Ѓорче Петров”, од ул. “Браќа Миладинови” до ул.”Цветан Димов”
  • “Мехмет Паша Дерала”, од бул. „Илинден“ до бул. „В.С. Бато“
  • Улицата од населбата Дреновец до село Порој.

Во партнерство со Република Словенија се реализираше проектот за Смарт ЛЕД осветлување, во 3 градски улици со должуна од 3200 метри. Се осветли улицата кај гимназијата, улицата од градската болница до раскрсницата кај Индуструскиот булевар и регионалниот пат во Порој и делови на населбата Дреновец. Овој вид на осветлување користи алгоритми за регулирање на интензитетот на осветлување, прилагодувајќи се на фрекуенцијата на собраќајот и, исто така, овозможува и детекција и аларм за евентуално оштетување.

Дека проектот е реализиран, потврдивме и по нашата проверка во трите горенаведени улици во овие населби, со забелешка дека делови од улицата “Браќа Миладинови” се направени со обични сијалици за осветлување.

Имајќи ги предвид овие информации,  според методологијата на „Вистиномер“, овој проект на Општина Тетово го оценуваме како исполнето ветување на градоначалничката Теута Арифи.

 

ИЗВОРИ:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција