„Триста“ – Незаконска набавка на 300 возила за МВР

Помошник министер во МВР, овластен со решение од Министерот за внатрешни работи да ги спроведува постапките за јавни набавки во Министерството, со искористување на својата службена положба и овластувања, при вршење на јавни набавки, го оштетил буџетот на РМ за износ 27.894.555 денари или 453.570 евра.

 

Помошник министер во МВР, овластен со решение од Министерот за внатрешни работи да ги спроведува постапките за јавни набавки во Министерството, со искористување на својата службена положба и овластувања, при вршење на јавни набавки, го оштетил буџетот на РМ за износ 27.894.555 денари или 453.570 евра

 

На 23.03.2017 година Специјaлното јавно обвинителство (СЈО) на прес-конференција соопшти дека е отворена нова истрага со кодно име „Триста“, во која е осомничен помошник-министер од МВР за извршена јавна набавка за 300 возила за Министерството. Според СЈО, осомничениот помошник-министер во периодот од 2008 до 2012 година извршил набавка на 300 возила не почитувајќи ги законските прописи за јавна набавка, со што бил оштетен буџетот на државата за 453.570 евра.

Обвинителката Фатиме Фетаи соопшти дека оваа истрага опфаќа

дејствие на извршување на едно кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 в.в. став 1 од Кривичниот законик, а постои основано сомнение дека е извршено од страна на помошник министер во Министерството за внатрешни работи, во врска со јавна набавка што се однесува за 300 возила.

Имено, од доказите произлегува основано сомнение дека осомничениот во временскиот период од 23.06.2008 г. до 03.05.2012 г., во Скопје, како службено лице-Помошник министер во МВР, овластен со решение од Министерот за внатрешни работи да ги спроведува постапките за јавни набавки во Министерството, со искористување на својата службена положба и овластувања, при вршење на јавни набавки, го оштетил буџетот на РМ за износ 27.894.555 денари или 453.570 евра.

Воедно, постои основано сомнение дека со незаконското повластување и доделување на договори за јавни набавки за купопродажба, сервисирање и одржување на патнички моторни возила за економските оператори Порше Македонија ДООЕЛ Скопје, Ка-Дис ДОО Скопје, Бохемија Автомобили Роус ДООЕЛ Скопје, Колевски ДОО Скопје и Авто Куќа ДОО Скопје прибавил противправна корист, иако понудите што ги дале овие економски оператори не биле утврдени како економски најповолни понуди, што било единствен критериум за доделување на договор за јавна набавка…

Суштината на наведеното е дека постои основано сомнение дека службеното лице од МВР, злоупотребувајќи ја службената положба и овластувања доделувало договори за јавни набавки на економски оператори кои немале економски најповолни понуди, односно без да го почитува утврдениот критериум за доделување договори за јавни набавки.

Целата прес-конференција можете да ја видите тука, а извештаите на медиумите поврзани за овој настан можете да ги прочитате на овој линк.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција