„Труст“ – Злоупотреби за милионски тендер од ЕЛЕМ

Управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ Студеничани Скопје, осомничени за злоупотреба на тендер на Електрани на Македонија Фото: Мета

Доказниот материјал упатува на основано сомнение дека заради изигрување на постапката за доделување на договор за јавна набавка, истите кон пријавата за учество во прва фаза од постапката за јавна набавка како доказ за поседување на техничка опрема за извршување на предметната набавка, што е неопходен услов за учество и квалификување во втора фаза од постапката во набавката, доставиле невистинита документација за сопственост на механизацијата

 

Доказниот материјал упатува на основано сомнение дека заради изигрување на постапката за доделување на договор за јавна набавка, истите кон пријавата за учество во прва фаза од постапката за јавна набавка како доказ за поседување на техничка опрема за извршување на предметната набавка, што е неопходен услов за учество и квалификување во втора фаза од постапката во набавката, доставиле невистинита документација за сопственост на механизацијата

 

На 28.02.2017 година Специјалното јавно обвинителство отвори нов случај под името „Труст“, во кој осомничени се три физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ Студеничани Скопје, за учество на тендер на Електрани на Македонија (ЕЛЕМ). Според СЈО,  ЕЛЕМ им овозможил на конзорциумот од овие три фирми да остварат противправна имотна корист од над 17 милиони евра.

Презентирајќи го случајот обвинителката Фатиме Фетаи рече дека оваа истрага покажува

до каде одела борбата со конкуренцијата, за добивање на тендери и огромни парични средства и, како еден конзорцииум со фалсификувана документација успеал да добие тендер, па и анекс на тој тендер и „заработил“ 1.060.000.000,00 денари, пари на граѓаните на Република Македонија или 17.235.772 евра.

Предистражната постапка е отпочната врз основа на содржината на три разговори од прислушкуваните разговори доставени во ова обвинителство, од кои два не се објавени во јавноста, чија содржина упатува на сомнение за законитоста на јавната набавка за ископ на јаловина и јаглен од Суводол – Битола. Јавната набавка, предмет на оваа истрага е реализирана врз основа на оглас од 07.10.2011 година од страна на АД Електрани на Македонија Скопје, а разговорите се случени на 03.08.2011 година и на 06.10.2011 година.

Конкретно, постои основано сомнение дека на 14.11.2011 година во Скопје, првоосомничениот како одговорно лице-управител на осомниченото правно лице „Транс Мет“ ДОО Скопје, второ осомничениот како застапник на осомниченото правно лице „СИЛЕКС НЕМЕТАЛИ СТ“ ДООЕЛ Кратово и трето осомничениот како управител на осомниченото правно лице „ВАТО“ ДОО Скопје, свесно ги повредиле прописите за постапката за доделување на договор за јавна набавка и му овозможиле на конзорциумот противправна имотна корист ефектуирана во неколку милиони евра.

Имено, доказниот материјал упатува на основано сомнение дека заради изигрување на постапката за доделување на договор за јавна набавка, истите кон пријавата за учество во прва фаза од постапката за јавна набавка како доказ за поседување на техничка опрема за извршување на предметната набавка, што е неопходен услов за учество и квалификување во втора фаза од постапката во набавката, доставиле невистинита документација за сопственост на механизацијата.

Целата прес-конференција можете да ја видите тука, а извештаите на медиумите поврзани за овој настан можете да ги прочитате на овој линк.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција