Твоето предизборно ветување звучи познато: Калкулатор за трошоците на пушачите

Во втората радиоемисија загатката беше предизборното ветување за интернет-калкулатор кој ќе ја пресметува вистинската цена за пушачите и пресметка на заштедата доколку граѓаните престанат да пушат.

 

Радиото „Индекс“ во соработка со „Вистиномер“ почна радиоемисија „Твоето предизборно ветување звучи познато“.

Секој работен ден од 14:30 часот, слушателите може да погодуваат кој политичар или партија дал одредено ветување и дали е тоа исполнето. За точните одговори следува награда од радиото.

Заинтересираните може да се пријавуваат на електронската адреса [email protected]  и треба да испратат име и презиме и телефонски број на кој луѓето од радиото може да ги повикаат и да ги вклучат во емисијата. Пријавувањето е можно и на телефонскиот број 075/755-588.

Во втората радиоемисија загатката беше предизборното ветување за интернет-калкулатор кој ќе ја пресметува вистинската цена за пушачите и пресметка на заштедата доколку граѓаните престанат да пушат. Ветувањето е дадено во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ со која партијата настапи на предвремените парламентарни избори во 2014 година, во делот насловен „Информатичка технологија и реформа на јавната администрација. Ветувањето е оценето како неисполнето.

Втората емисија може да ја проследите тука.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција