Твоето предизборно ветување звучи познато: Не е изградено основно училиште во Визбегово

 

Радиото „Индекс“ во соработка со „Вистиномер“ почна радиоемисија „Твоето предизборно ветување звучи познато“.

Секој работен ден од 14:30 часот, слушателите може да погодуваат кој политичар или партија дал одредено ветување и дали е тоа исполнето. За точните одговори следува награда од радиото.

Заинтересираните може да се пријавуваат на електронската адреса tvoetovetuvanjezvucipoznato@radioindex.mk  и треба да испратат име и презиме и телефонски број на кој луѓето од радиото може да ги повикаат и да ги вклучат во емисијата. Пријавувањето е можно и на телефонскиот број 075/755-588.

Во петтата радиоемисија загатката беше предизборното ветување за изградба на ново основно училиште во Визбегово, во кое би учеле околу 50 деца од населените места с.Визбегово и Шуто Оризари. Тоа го кажа градоначалникот на Бутел,  Петре Латиновски во Изборната програма (2013-2017)  „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Општина Бутел“  (Образование и наука стр. 19), со која ја бараше довербата на граѓаните на Бутел за градоначалнички мандат, како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Ветувањето е оценето како неисполнето.

Петтата емисија може да ја проследите тука.


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *